ЕУ ѝ се закани на Мета со тешки санкции доколку не ги заштити децата

June 8, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Европската Унија (ЕУ) упати закана до технолошкиот гигант Мета со „тешки санкции“ и ја повика компанијата да преземе „итна акција“ за заштита на децата, пренесува Анадолу.

„Доброволниот код на Мета за заштита на децата се чини дека не функционира“, истакна преку Твитер еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон.

Тој го повика извршниот директор на компанијата, Марк Закерберг, да „објасни и да преземе итна акција“ и рече дека тие лично ќе разговараат за ова прашање подоцна во текот на овој месец во седиштето на Мета.

Бретон, исто така, ѝ се закани на Мета со „тешки санкции“ доколку не ги почитува правилата на ЕУ по стапувањето во сила на новиот Закон за дигитални услуги.

Тој ги даде овие изјави откако американскиот дневен весник „Волстрит журнал“ откри дека на Инстаграм можеби оперира педофилска мрежа, бидејќи платформата дозволува објавување хаштагови и пребарување на експлицитни клучни зборови.

Ова е втор пат оваа недела извршното тело на ЕУ да искажува остри критики за компаниите на социјалните медиуми.

Еврокомесарката Вера Јоурова во понеделникот изјави дека ЕУ „енергично и итно ќе го испита“ Твитер откако компанијата „избра конфронтација“ со Блокот со напуштање на доброволниот Кодекс на ЕУ за борба против дезинформации.

Со стапување во сила на 25 август, новиот закон на ЕУ за дигитални услуги ќе воведе построги правила за дигиталните платформи.

Компаниите кои нема да ги почитуваат новите стандарди на ЕУ може да бидат казнети со до 6 отсто од нивниот глобален промет.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Ефектот Меси“ – цените на билетите на Интер Мајами летнаа до плафон

Следно

Детали од договорот: Зошто Меси го избра Интер Мајами пред Ал Хилал?

Latest from Blog

Три спектакли за три дена: Битола викендов ќе пулсира со музика

Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава можност да уживаат во уникатна културно – уметничка програма, карактеристична за градот

И во Албанија шефот на судиите е странец

Шпанецот Бернардино Гонзалес Васкез е новиот шеф на судиската организација на Албанија, со што фудбалот и во оваа земја ангажираше странски експерт кој ќе го набљудува и развива судењето на фудбалските стадиони.

ФОТОГАЛЕРИЈА | НЕВРЕМЕТО ЈА ПАРАЛИЗИРА ЈАПОНИЈА – 360 милиметри дожд за 24 часа, четворица загинати и илјадници заглавени на аеродром

Рекордни врнежи ја погодија Јапонија, предизвикувајќи поплави, прекини во сообраќајот и хаос на аеродромите, а досега се потврдени најмалку четири жртви. Во префектурата Чиба за само 24 часа наврнале повеќе од 360

Попладнево можни невремиња во поголем дел од земјата

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредува дека попладнево во поголем дел од земјата постојат услови за појава на невреме. Според временската најава, локално се очекуваат пороен дожд, засилен ветер, грмежи, а можна
Go toTop