Училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“ одбележа 54 години успешна работа

June 8, 2023
1 min read

Општинското основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“ во Центар одбележа пет и пол децении успешна работа. 

– Основното образование е темел на натамошното школување и интелектуален развој кај секое дете. Прифаќањето и почитувањето на потребите, можностите и интересите на детето и денес се основни цели и принципи во образовниот процес за кои се залагал и самиот патрон Јохан Хајнрих Песталоци уште во 19 век, велат од општина Центар. 

– Овој јубилеј има особено значење и за мене бидејќи пред точно 35 години зачекорив во овие ходници како ученик во прво одделение. Овде се образував и тука почнаа првите пријателства за цел живот. Нашето „Песталоци“ не претставува само синоним за успешно училиште. „Песталоци“ е училиштен бренд! Во изминативе пет децении тука се школувале истакнати уметници, спортисти, политичари и други влијателни личности од општествениот, политичкиот и културниот живот. Нека ви е честит патрониот празник и ви посакувам и понатаму успешно да ја реализирате вашата визија и мисија, истакна Герасимовски во своето обраќање.

Патрониот празник по повод одбележување на 54-годишнината од работењето на училиштето беше одбележан со музички настап на мандолинскиот оркестар на училиштето и со премиерна изведба на драмската претстава „Нешто чудно се случува“, која што обработува тема за врснично насилство. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Расмусен: Некои членки на Алијансата би можеле доброволно да испратат војници во Украина

Следно

Инстаграм е најуспешна мрежа за поврзување педофили

Latest from Blog

Божиновска: Новиот Закон за енергетика ја зајакнува сигурноста и ја забрзува транзицијата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на „IFC Day in North Macedonia“, настан организиран од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), членка на Групацијата на Светска банка, посветен на

Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, адвокатка и поранешна министерка за правда, одликувана со орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“

Со декрет на претседателот на Република Италија, Серџо Матарела, на адвокатката и поранешна министерка за правда, Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, ѝ е доделено високото државно признание орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“.

Проданоски: 10.000 тутунопроизводители од Прилеп добија субвенции

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, соопшти дека се исплатени субвенциите за реколтата од 2025 година за тутунопроизводителите, во вкупен износ од над 2 милијарди денари, наменети за повеќе од 15.000 корисници низ

Бразил без Нејмар и за натпреварот со Хаити

фото: RMFCTeam (X) Нејмар нема да игра и на натпреварот против Хаити на Светското првенство во 2026 година. Според новинарката Раиса Симплисио, напаѓачот на бразилската репрезентација сè уште не се опоравил од
Go toTop