Ердоган: Зајакнувањето на контактите неопходно за членството на Туркије во ЕУ

June 8, 2023
1 min read

АНКАРА/АТИНА (АА) – Европската Унија (ЕУ) и Туркије мора да ги зајакнат контактите на сите нивоа со конкретна и позитивна агенда за полноправно членство на Туркије во ЕУ, рече претседателот Реџеп Таип Ердоган во разговорот со претседателот на Европскиот совет, Шарлс Мишел, јавува Анадолу.

Во телефонскиот разговор со Мишел, Ердоган ја нагласи големата стратегиска вредност на Анкара за Европа, се вели во соопштението објавено од Дирекцијата за комуникации при турското Претседателство.

Ердоган ја истакна важноста на соработката во обновувањето на Царинската унија меѓу двете страни, како и за визната либерализација, справувањето со миграцијата и борбата против тероризмот.

Тој, исто така, рече дека праведниот третман на Туркије и поддршката за нејзино полноправно членство во ЕУ ќе отворат нови хоризонти во односите.

Од своја страна, Мишел му честита на Ердоган за неговиот реизбор за претседател.

Во објавата на Твитер тој го потврди интересот на ЕУ за стратегиските и односите од заемна корист со Туркије.

Мишел, исто така, ја нагласи важноста од искрен и отворен дијалог за перспективите на економските врски, како и мобилноста и безбедносната соработка.

Тој повтори дека високо се цени улогата на Туркије во иницијативата за транспорт на жито преку Црно Море.

Туркије аплицираше за членство во ЕУ во 1987 година, а од 1999 година е земја кандидат.

Преговорите за полноправно членство започнаа во октомври 2005 година, но беа во застој во последните години поради политичките пречки од одредени земји.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Катица Ќулавкова: Стихозбирката „На врв на јазикот“ е рефлексија на личните и општествените емоции за домот и јазикот

Следно

Русија предупреди дека испорачувањето нуклеарно оружје на Украина ќе доведе до глобален колапс

Latest from Blog

АфД УБЕДЛИВО ВОДИ ВО НОВАТА АНКЕТА – Крајната десница станува сè посилна во Германија

Германската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (AfD) достигна нов максимум во потенцијалната поддршка од гласачите, според истражувањето на INSA објавено денес. Според анкетата, 35 проценти од испитаниците рекле дека можат да

Сулејмани: Со новиот закон за правична застапеност ги спречуваме злоупотребите – следуваат санкции за лажно етничко изјаснување

Заменикот министер за образование од коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, во гостувањето на емисијата „Топ Тема“ на Телма, најави дека новото законско решение за соодветна и правична застапеност конечно ќе стави крај на

Нова ликвидација во близина на Москва: Убиен уште еден руски генерал? (ВИДЕО)

Руските власти сè уште официјално не го објавија идентитетот на жртвата. Според каналот на Телеграм, Шот, мажот е 62-годишен, додека некои други извори одат чекор понатаму и шпекулираат дека жртвата е дури
Go toTop