Федералните обвинители го известиле Трамп дека е цел на истрага за ракување со доверливи документи

June 8, 2023
1 min read

Министерството за правда обично ги известува луѓето кога ќе станат цел на истрага за да им даде шанса да ги претстават сопствените докази пред големата порота. Известувањето не мора да значи дека Трамп ќе биде обвинет

Федералните обвинители го известиле поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека е цел на истрага за ракување со доверливи материјали, јави Еј-би-си њуз.

„Политико“ одделно објави дека обвинителите му испратиле писмо на Трамп во кое го известиле дека е под истрага, но не го разјасниле предметот на таа истрага.

Министерството за правда обично ги известува луѓето кога ќе станат цел на истрага за да им даде шанса да ги претстават сопствените докази пред големата порота. Известувањето не мора да значи дека Трамп ќе биде обвинет.

Изборниот штаб на Трамп не одговори веднаш на барањето за коментар, а адвокатите не биле достапни за коментар.

Трамп, фаворит во трката за републиканска претседателска номинација во 2024 година, постојано ги оценува истрагите против него како политички мотивирани.

Федералната голема порота го истражува задржувањето на доверливи материјали на Трамп откако тој ја напушти Белата куќа во 2021 година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Абдиџику: На Косово моментно му се потребни сите негови пријатели

Следно

Интер доби засилување во пресрет на финалето од ЛШ

Latest from Blog

Трајановски: Обезбедени се 44 милиони денари за санација на регионален пат

Денеска заедно со градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, Претседателот на Совет Стојанче Рамов, заменик директорот на ЈП Македонијапат Александар Шуковски и стручниот тим од ЈПДП извршивме увид во градежните активности на

Албанија прва во светот ќе има министерка креирана со вештачка интелигенција

Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на Социјалистичката партија ја претстави првата министерка во историјата, креирана со вештачка интелигенција, наречена Диела. Рама, кој го почнува својот четврти мандат, изјави

Синот на Роналдињо потпиша за Хал Сити

фото: Hull city (X) Синот на бразилската фудбалска легенда, Роналдињо денеска потпиша за англискиот клуб Хал Сити. Клубот од Чемпионшип, кој се наоѓа на 17-то место на стартот на сезоната, се договори
Go toTop