Што пишува во Протоколот со Бугарија и заклучоците на Советот на ЕУ: Кога треба да стапат на сила уставните измени

June 7, 2023
3 mins read

По денешната лидерска средба, Ковачевски, Мицкоски и ДУИ излегоа со различни ставови, меѓу другото, и за тоа кога (треба) да стапат на сила уставните измени. Во продолжение пренесуваме што пишува на оваа тема во Протоколот што ланското лето го потпишаа министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија – Бујар Османи и Теодора Генчовска, како и што е наведено во заклучоците од Советот на ЕУ

Без договор, но и без меѓусебни навреди, а со отворена врата за нови состаноци на кои ќе го продолжат дијалог, заврши денешната средба меѓу премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Уставните измени со кои Бугарите и други народи ќе се вметнат во Преамбулата беа главна тема, а тие се дел од меѓународните документи што беа усвоени од Советот на ЕУ и беа потпишани помеѓу Северна Македонија и Бугарија пред одржувањето на првата меѓувладина конференција минатото лето.

Ковачевски: Да стапат на сила со втората меѓувладина конференција

За да се случат уставни измени, она што го понудил премиерот Ковачевски, покрај влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата за што СДСМ би отстапил половина од своите места на Илинденска бр. 2, е амандманите на Уставот да важат од моментот кога ќе се одржи втората меѓувладина конференција, со која треба да заврши фазата на отворање на пристапните преговори.

„На тоа додадов дополнително за да обезбедиме, иако тоа стои во Преговарачката рамка, меѓутоа ајде уште еден дополнителен чекор, уставните измени кои ќе се донесат, во своите завршни и преодни одредби, како што веќе имало случај во минатото, да имаат одредба со којашто важат во моментот на одржување на втората меѓувладина конференција која е практично и закажана без никакво одлагање по правењето на уставните измени“,

рече Ковачевски.

Според премиерот, „сè друго е надвор од Преговарачката рамка со ЕУ“.

Мицкоски: Да стапат на сила со почетокот на ратификацијата на членството во ЕУ

Според изјавите на Мицкоски дадени по денешната средба, најголемата опозициска партија не се противи на уставни измени, но бара да се исполнат одредени услови. Покрај влада без ДУИ, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ инсистира стапувањето на сила на уставните измени да биде со одложено дејство – односно во моментот кога во парламентите на земјите членки на ЕУ ќе почне ратификацијата на Договорот за пристапување на земјава во Европската Унија.

„ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во влада со СДСМ и со другите политички партии, но без учество во владата на ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да учествува во неа со тоа што избори подготвува техничка влада, не оваа влада, 100 дена пред одржувањето на тие избори. А, евентуалните уставни измени да важат денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот протокол на Македонија во рамките ЕУ од парламентите на 27-те земји членки“,

рече Мицкоски.

ДУИ: Да стапат на сила веднаш (за да излеземе од Владата)

Третата партија што тој ја вметна во своите услови, а е „трета сила“ во парламентот – ДУИ, излезе со трета варијанта за тоа од кога да важат уставните измени – прво да стапат на сила, а потоа да се формира влада без интегративците во неа.

„ДУИ е подготвена да поддржи влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и тие стапат во сила пред формирањето на таа влада. Европската иднина на граѓаните е пред сè“,

гласи ставот на интегративците што партискиот портпарол Бујар Османи го објави на Фејсбук.

Речникот од Протоколот

Прашањето за уставните измени и нивното стапување на сила е опфатено во пакетот документот усвоени при почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија во јули минатата година – заклучоците на Советот на ЕУ, Општата позиција, Преговарачката рамка, како и во Протоколот од меѓувладината конференција меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Протоколот беше потпишан на 17 јули во Софија (два дена пред првата меѓувладина конференција) во рамки на вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, согласно членот 12 од Договорот за добрососедство. Потписите во името на двете земји ги ставија министерот Бујар Османи и тогашната шефица на бугарската дипломатија Теодора Генчовска.

Во него пишува дека Владата се согласува втората меѓувладина конференција со ЕУ да се одржи откако уставните измени ќе стапат на сила.

Во делот насловен „Мерки кои треба да бидат преземени пред меѓувладината конференција за комплетирање на фазата на отворање на пристапните преговори“ во Протоколот пишува:

„Владата на Република Северна Македонија се согласува следната Меѓувладина конференција за комплетирање на фазата на отворање на преговорите за членство на Република Северна Македонија да се одржи откако во сила ќе влезе измената на Уставот на Република Северна Македонија за вклучување на оние нејзини граѓани кои живеат на територијата на државата и се дел од други народи, како што е бугарскиот народ, согласно внатрешните процедури, вклучително и уставен закон за нивно спроведување“.

Факсимил од сегмент од Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија

Со други зборови, според Протоколот, нема втора меѓувладина конференција, односно нема продолжување на пристапните преговори, без уставните измени да стапат на сила.

Заклучоци на ЕУ: Втора меѓувладина по уставни измени

Во заклучоците што ги донесе Советот на ЕУ, пак, се „поздравува намерата на Северна Македонија да започне и да ги направи потребните уставни измени со цел во Уставот да се вклучат граѓани кои живеат во границите на државата и се дел од други народи, како Бугарите“.

Во истите заклучоци се наведува и дека уставните измени треба да се направат за да се одржи втората меѓувладина конференција.

„Со цел да се заврши оваа фаза на отворање на пристапните преговори, Советот, исто така, одлучи да свика уште една меѓувладина конференција со намера да ја претстави Преговарачката рамка и состојбата со подготвителните работи од страна на Комисијата, и (Советот) е подготвен да ја одржи без дополнителни одложувања или политичка одлука веднаш штом Северна Македонија ќе ја спроведе заложбата за завршување на горенаведените уставни измени, во согласност со нејзините внатрешни процедури“,

пишува во заклучоците од Советот на ЕУ.

Дел од заклучоците на Советот на ЕУ

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

За кого всушност е тоа Прајдот?

Следно

Киев: Поплавени се 29 градови и села по нападот на браната „Нова Каховка“

Latest from Blog

Сиљановска Давкова: Ако дозволиме ветото да опстои, дури и најуспешните во чекорењето пред крајот можат да се соочат со него

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска од Подгорица, каде е во официјална посета коментирајќи ја вчерашната изјава на новоизбраната еврокомесарка за проширување Марта Кос истакна дека и забележува на дикцијата во однос на

Мицкоски до Битиќи: Заврши времето „како до сега“ каде некои од инвеститори имале привилегии поради интерес на одредени политички моќници

„Што се однесува до Костал и до останатите кои ги споменавте Епсотех и Брејнчајлд и слично, мислам дека сопствениците не го споделуваат истото искуство и не го имаат истото чувство што го

Операција „Адмирал“: Разоткриена измама со ДДВ во ЕУ од 2,9 милијарди евра

Европското јавно обвинителство откри голема криминална група која  која преку измама со ДДВ предизвикала штета во висина од 2,9 милијарди евра. Истрагата, која почнала во ноември 2022 година, утврдила дека осомничените користеле

Извори од Брисел: Решението за деблокада мора да биде дел од преговарачката рамка

Нов туш од Брисел – нема уставни зимени со одложено дејство. ЕУ работи на креативно решените за деблокада на ЕУ интеграциите на Македонија, но тоа решение мора да биде дел од преговарачката рамка

Ердоган: „Новиот потег на американскиот претседател за прекин на огнот во Газа е задоцнет, но важен чекор“

АНКАРА (АА) – Новата најава на американскиот претседател за прекин на огнот во Појасот Газа доаѓа доцна, но тоа е важен чекор, изјави во четвртокот турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, известува Анадолу.
Go toTop