ДУИ прифаќа да не биде во влада што ќе се формира по усвојување на уставните измени

June 7, 2023
1 min read

Европската иднина на граѓаните е пред сè, вели Османи

Демократската унија за интеграции (ДУИ) се согласува да не биде во владата што ќе се формира откако претходно ќе се изгласаат и ќе стапат во сила уставните измени.

„ДУИ е подготвена да поддржи влада без ДУИ до избори доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и тие стапат во сила пред формирањето на таа влада. Европската иднина на граѓаните е пред сè“,

објави портпаролот на партијата Бујар Османи на Фејсбук.

Ваквиот став Османи го изнесе откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната средба со премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, изрази подготвеност неговата партија да влезе во влада, но во неа да не биде ДУИ.

Ова Мицкоски го понудил како одговор на понудата на Ковачевски да почне процесот на уставните измени, а СДСМ да ѝ отстапи пет од своите десет министерски места на ВМРО-ДПМНЕ.

„На оваа понуда, која претставува позиција на Димитар Ковачевски, од моја страна беше даден следниот одговор – во ред, ја разбирам понудата и за неа го имам следниот став, ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во влада со СДСМ и со другите политички партии, но без учество во владата на ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да учествува во неа со тоа што избори подготвува техничка влада, а не оваа влада, 100 дена пред одржувањето на тие избори. А, евентуалните уставни измени да важат денот кога ќе отпочне ратификацијата на пристапниот протокол на Македонија во рамките ЕУ од парламентите на 27-те земји членки“,

рече Мицкоски.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Медведев: Изгледа тргнаа. Ќе ги сопреме па ќе тргнеме ние

Следно

Туркије: Во Кападокија се развива фототуризмот

Latest from Blog

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го

Фудбалерите и навивачите во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“ (Видео)

Единаесетмината стартери, но и клупата, како и навивачите на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Навистина одлична најава за мечот помеѓу Словенија и Македонија

Средба Коњановски – Јовановиќ: Битола и Будва бараат нови можности за соработка

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски кој во Црна Гора ќе потпише меморандум за соработка на Индустриската зона „Жабени“ како единствена зона во Македонија во рамките на потпишувањето на меморандум на шесте земји
Go toTop