Финска: Мултимилионер казнет со 121 000 евра за брзо возење

June 7, 2023
1 min read

Казните за сообраќајни прекршоци во Финска се одредуваат според тежината на прекршокот и приходите на сторителот, а нив полицијата може веднаш да ги виде преку паметните телефони со кои располага, а кои се поврзани со централната база на податоци за даночните обврзници

Фото: EPA-EFE/KIMMO BRANDT

Финскиот мултимилионер Андрес Виклеф добил казна од 121 000 за брзо возење бидејќи ја пречекорил дозволената брзина на движење за 30 километри на час. Во Финска казните се одредуваат прогресивно, според приходите на престапникот.

Во изјава за „Ниа Аланд“, весник од Оландските Острови, автономен фински регион во Балтичкото Море, бизнисменот изјавил дека ја намалувал брзината на движење, но претпоставува дека тоа не се случило доволно бргу.

„Така оди тоа“,

рекол Виклеф.

Бизнисменот, кој е претседател и основач на холдинг компанија, чии приходи изнесуваат 250 милиони евра годишно, исто така изјавил дека ограничувањето на брзината на движење каде што го направил прекршок ненадејно се променило од 70 на 50 километри на час. Во тој момент, тој возел со 82.

Во изјавата Виклеф вели и дека се надева оти парите што ги платил за казната ќе бидат потрошени корисно.

„Слушнав дека владата сака да заштеди 1,5 милијарди евра во здравството во Финска, така што се надевам дека моите пари можат да пополнат дел од празнината“,

рекол Виклеф.

Казните за сообраќајни прекршоци во Финска се одредуваат според тежината на прекршокот и приходите на сторителот, а нив полицијата може веднаш да ги виде преку паметните телефони со кои располага, а кои се поврзани со централната база на податоци за даночните обврзници.

Според финскиот систем, паричната казна се пресметува врз основа на дневниот приход на престапникот и врз основа на тоа за колку е пречекорена дозволената брзина на движење.

Се гледаат и отежнувачки и олеснителни околности, а во случајот на Виклеф отежнувачки е тоа што тој претходно двапати бил казнет за брзо возење. Покрај паричната казна, одземена му е и возачката на 10 дена.

Претходните две казни за финскиот бизнисмен изнесувале 63 680 евра, која е изречена во 2018 година, и 95 000 евра, која ја добил пред повеќе години.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Извештај: Во САД во 2021 година од вооружено насилство на секои 11 минути умирало по 1 лице

Следно

Во Атина денес ќе биде запален олимпискиот оган за Специјалната Олимпијада во Берлин

Latest from Blog

Чиро Имобиле ја заврши фудбалската кариера

Легендарниот италијански репрезенативец, Чиро Имобиле реши да ја заврши својата професионална фудбалска кариера на 36. годишна возраст. Тој неочекувано ја донел оваа одлука непосредно пред стартот на новата сезона, каде што требаше

Агенцијата за управување со одземен имот има речиси 50 милиони евра имот за продажба, за една година вредноста пораснала за 10 милиони

Агенцијата за управување со одземен имот на крајот од 2025 година имала залихи на конфискуван имот вредни околу 48,9 милиони евра, покажува ревизорскиот извештај. Пресметката на Фактор покажува дека само една година

Два инциденти за помалку од 24 часа: Уште еден воз излета од шините во Англија

Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичана греда кога застанал, објавува Телеграф. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако
Go toTop