(ВИДЕО) ИК на ВМРО-ДПМНЕ пред лидерска го овласти Мицкоски да ја брани позицијата против уставни измени под диктат

June 7, 2023
1 min read

Потпретседателот на партијата, Тимчо Муцунски, рече дека е погрешна тезата дека на оваа лидерска средба се одлучува за интеграција или изолација на земјава. Она што се одлучува, според ВМРО-ДПМНЕ е дали ќе има уставни под диктат или ќе има одбрана на националното достоинство и државните интереси

Непосредно пред да започне лидерската средбата помеѓу Димитар Ковачевски (СДСМ) и Христијан Мицкоски (ВМРО-ДПМНЕ), Извршниот комитет (ИК) на опозициската партија заседаваше и го овласти партискиот лидер да ја брани позицијата дека е против уставни измени под диктат.

„Денес во пресретна одржувањето на лидерската средба заседаваше ИК на ВМРО-ДПМНЕ и донесе одлука да го овласти претседателот Христијан Мицкоски да ги афирмира и одбрани следните позиции. Тргнувајќи од националните интереси и мислењето на огромниот број граѓани уставни измени под диктат и под поразителни околности за Македонија не смее да има“,

соопшти потпретседателот на партијата, Тимчо Муцунски.

Соопштувајќи го ставот на ИК, тој наведе дека носењето на уставни измени во состојба кога е нападнат националниот државен идентитет, кога се оспорува јазикот и историјата, не е никаков чекор напред.

„Македонија поради лесните отстапки е веќе во изолација“,

рече Муцунски.

Тој додаде дека затоа е погрешна тезата дека на оваа лидерска средба се одлучува за интеграција или изолација на земјава. Она што се одлучува, според ВМРО-ДПМНЕ е дали ќе има уставни под диктат или ќе има одбрана на националното достоинство и државните интереси.

Муцунски порача она што го бара ВМРО-ДПМНЕ е фер шанса каква што ја имаат и другите народи во Европа кога ѝ пристапувале на ЕУ.

По неуспехот на уставните измени, беше дециден Муцунски, следниот чекор треба да бидат предвремени парламентарни избори.

Веста се надополнува

ИЗВОР: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Следно

Извештај: Во САД во 2021 година од вооружено насилство на секои 11 минути умирало по 1 лице

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на Буџетот носи дополнителни 5,8 милијарди денари за инвестиции

Владата денеска, на предлог на Министерството за финансии, ги усвои Измените и дополнувањата на Буџетот за 2026 година, со кои се врши усогласување на буџетските проекции со актуелните економски движења и се

Продолжува јавната дебата за плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

Општина Битола денеска го одржа вториот граѓански форум посветен на уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“, на кој беа презентирани повеќе предлог-идеи за неговата иднина и можното ново обликување на просторот. На форумот

Морничава порака од Израел: “НА АМЕРИКА ТРЕБА ДА И СЕ СЛУЧИ НОВ 11. СЕПТЕМВРИ…“

Израелскиот аналитичар за одбрана, Бени Сабти, изјави дека САД можеби ќе мора да претрпат уште еден голем напад за да ја вратат поддршката за Израел. Сабти, експерт за Иран во израелскиот Институт
Go toTop