Над 40 000 луѓе се загрозени од поплави по уривањето на браната „Нова Каховка“, велат украинските власти 

June 7, 2023
2 mins read

Шефот на канцеларијата за помош на Обединетите нации Мартин Грифитс во своето обраќање пред Советот за безбедност на ОН рече дека магнитудата на големата катастрофа целосно ќе биде позната во наредните денови, пренесува Гардијан

Повеќе од 40 000 луѓе се загрозени од поплави од двете страни на реката Днепар по уништувањето на браната „Нова Каховка“, соопштија украинските власти, очекувајќи  водениот бран од поплавите да го достигне својот врв денеска.  

Сателитска снимка од уништената брана „Нова Каховка“ во регионот Херсон/Фото: EPA-EFE/MAXAR TECHNOLOGIES HANDOUT

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека 80 градови и села се соочуваат со опасноста од поплави по уништувањето на браната, за што тој ја убвини Русија, пренесува Би-би-си.  

Шефот на канцеларијата за помош на Обединетите нации Мартин Грифитс во своето обраќање пред Советот за безбедност на ОН рече дека магнитудата на големата катастрофа целосно ќе биде позната во наредните денови, пренесува Гардијан.  

„Но, веќе е јасно дека тоа ќе има тешки и далекусежни последици за илјадници луѓе во јужна Украина од двете страни на линијата на фронтот кои се соочуваат со губење на домови, храна, безбедна вода и средства за живот“,

рече тој. 

Со катастрофален ризик од поплави е соочен и градот Херсо од излевањето на водата од реката Днепар, пишува британскиот национален радиодифузен сервис.  

Браната „Нова Каховка“ е клучна за регионот на Херсон бидејќи обезбедува вода за земјоделците и жителите, како и за нуклеарната централа Запорожје. Таа претставува и витален канал кој носи чиста вода на југ до полуостровот Крим, кој во 2014 година беше анектиран и е под контрола на Русија.   

Украинскиот администратор на државните хидроцентрали „Укрхидроенерго“ предупреди дека врвот на излевање на водатаод резервоарот што се празни се очекува денеска. По ова, како што се наведува, се очекува период на стабилизација и повлекување на водата во наредните четири до пет дена.  

Постои загриженост за нуклеарната централа Запорожје – најголемата во Европа – која користи вода за ладење на реакторите од браната.  

Според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) таму ситуацијата во моментов и под контрола и нема неспореден ризик за нуклеарната безбедност на централата.  

Јужната команда на украинските сили вчера утро  соопшти дека руските сили ја урнале браната „Нова Каховка“ во окупираниот дел на украинската област Херсон. Уништувањето на браната доведе до излевање на водата до 11 метри во областа Нова Каховка и принуди евакуација на речиси илјадници луѓе.

Додека претставници на официјален Киев, но и на САД, Канада и на Европската Унија го осудија уништувањето на браната, а дел од нив за тоа ја обвинија Русија, официјална Москва, пак, обвини дека станува збор за намерна саботажа извршена од Украина за да се одвлече вниманието од неуспешната контраофанзива против руските сили. 

Засега не може со сигурност да се потврди што точно се слулило и кој стои зад уништувањето на браната. Ова вчера го кажа и портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби, кој рече дека Вашингтон со внимание ги разгледува извештаите за тоа што го предизвикало уривањето на браната.  

 „Работиме со Украинците за да собереме повеќе информации, но не можеме да кажеме дефинитивно што се случило во овој момент. Она што е јасно и што апсолутно можеме да го кажеме е дека штетата за украинскиот народ и за регионот ќе биде значителна“,

изјави Кирби. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Милан го отпушти легендарниот Паоло Малдини

Следно

Ковачевски и Мицкоски денеска ќе седнат на иста маса, европската интеграција на земјата во фокусот на средбата

Latest from Blog

Ел Чапо проговори од самица: Бара итна екстрадиција; „Моите човекови права се кршат“

Хоакин „Ел Чапо“ Гузман, поранешниот водач на картелот Синалоа, испрати ново писмо до судијата Брајан Коган барајќи негова екстрадиција во Мексико. Некогаш најбараниот човек во светот инсистира во писмото на „еднаков третман

Повик за апликации за НАТО Програмата за млади професионалци

Програмата на НАТО за млади професионалци го објави повикот за привлекување на млади талентирани лица од земјите членки на Алијансата. Тригодишната програма нуди можност заинтересираните кандидати да ја развијат нивната кариера и
Go toTop