ПОЧИНА АСТРУД ЖИЛБЕРТО, ПЕЈАЧКАТА ШТО ЈА ПРОСЛАВИ „ДЕВОЈКАТА ОД ИПАНЕМА“

June 6, 2023
1 min read

Аструд Жилберто, чијашто интерпретација на „Девојката од Ипанема“ стана најпопуларна верзија на песната, почина на 83 години. Пол Ричи, соработник на Жилберто, ја потврди веста на социјалните мрежи откако му јавил нејзиниот син Марсело.

„Таа беше важен дел од сè она што е бразилска музика во светот и промени многу животи со својата енергија“, рече Ричи.

Родена во 1940 во бразилската држава Баија и израсната во Рио де Жанеиро, Аструд Вајнерт се омажи за музичарот Жоао Жилберто во 1959. Во 1963, таа го придружувала на едно патување во Њујорк каде што тој снимал со џез-уметникот Стен Гец и колегата од бразилската боса нова, ѕвездата Антонио Карлос Жобим. Продуцентот на сесијата сакал пејачка на англиски јазик да помогне песната „Девојката од Ипанема“ да ја прими и публиката во САД, а Аструд – која немала претходно искуство со снимање – била единствената во тимот која зборувала англиски.

Оригиналната верзија беше дует со нејзиниот сопруг – Аструд не беше ни спомната на снимката, не доби хонорари туку само мал надомест како музичар учесник на снимањето. Но, откако „Девојката од Ипанема“ беше издадена како соло сингл без вокалите на португалски јазик на Жоао, стана огромен хит во 1964, достигнувајќи Топ 5 во САД и Топ 30 во Велика Британија. Ја освои наградата Греми за песна на годината, а Аструд Жилберто беше номинирана и за најдобра вокална изведба од пејачка. Таа година, таа и Жоао се разведоа и таа замина на турнеја низ САД со Гец и неговиот бенд, искуство кое подоцна го опиша како „многу тешки времиња … да си среде разделба и да се носиш со одговорностите на самохрана мајка и на новата кариера“.

„Девојката од Ипанема“ ќе биде нејзиниот единствен голем хит – иако се врати на топ-листата во Обединетото Кралство во 1984 кога боса нова повторно стана популарна. Но, Жилберто ја задржа славата со серија последователни соло албуми за џез издавачот „Верв“, почнувајќи со албумот „Аструд Жилберто“ од 1965. Снимаше и со Чет Бејкер и продолжи со турнеите до 2002. Во 2008 доби Греми за животно дело.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија ги негира обвинувањата на Украина за напад на браната „Каховка“

Следно

Дебатата за Украина ја водат тинк-тенкови финансирани од воената индустрија

Latest from Blog

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад

Каква е улогата на кокаинот во изјавите на СДСМ за бомбардирање на Македонија и паниката за лажните мигранти

По дебатата меѓу Јон Фрчкоски кој е директор на Центарот за анализа на СДСМ и Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ се поставува прашањето дали зад ширењето паника за мигранти од Велика Британија и

Коњановски: Битола е пример за интегритет и транспарентност

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се
Go toTop