Мајк Пенс официјално влезе во трката за Белата куќа

June 5, 2023
2 mins read

Пенс е само еден од кандидатите од редовите на републиканците кои влегуваат во претседателската трка. Тие ќе бијат внатрепартиска битка за да ја освојат номинацијата на партијата и во наредните месеци ќе водат кампања и ќе се соочуваат на ТВ-дебати. Првичните внатрепартиски избори ќе почнат во февруари 2024, а оној што ќе има најмногу поддршка, на изборите во ноември следната година ќе се соочи со кандидатот на демократите, кој веројатно ќе биде актуелниот претседател Џо Бајден

Мајк Пенс и Доналд Трамп / Фото: EPA-EFE/Sarah Silbiger

Поранешниот потпретседател на САД, Мајк Пенс, официјално ги поднесе документите за да им се приклучи на останатите републиканци во трката за претседателските избори во 2024 година.

63-годишниот Пенс треба официјално да ја започне кампањата со видеоспот и говор на настан во градското собрание во Ајова.

Со ова Пенс директно му се спротивставува на Доналд Трамп во чиј мандат (2017-2021) тој ја извршуваше потпретседателската функција.

Засега, Трамп убедливо води во анкетите, додека повеќето испитувања на јавното мислење го сместуваат Пенс на третото место со едноцифрен процент на поддршка, пишува Би-би-си.

Пенс е поранешен гувернер и конгресмен од Индијана, себеси се опишува како „христијанин, конзервативец и републиканец“. Тој му беше непоколебливо лојален на Трамп во поголемиот дел од нивните четири години поминати на функции, но се дистанцира од својот шеф по немирите и упадот во Конгресот во јануари 2021 година.

Трамп тогаш вршеше притисок врз Пенс да ја поништи изборната победа на Џо Бајден со оглед дека тој како тогашен потпретседател претседаваше со седницата на која се потврдија резултатите од изборите и победата на Бајден. Тогаш, експретседателот го обвини потпретседател дека му недостасува храброст, а многу приврзаници на Трамп за време на упадот скандираа против Пенс и го сметаа за предавник.

Кои се другите кандидати од редовите на републиканците

Пенс е само еден од кандидатите од редовите на републиканците кои влегуваат во претседателската трка.

Главниот ривал на Трамп и второпласиран на анкетите е актуелниот гувернер на американската сојузна држава Флорида, републиканецот Рон Десантис.

Неделава кандидатурата треба да ја официјализираат и актуелниот гувернер на Северна Дакота, Даг Бургум, и поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, кој е поранешен соработник на Трамп, односно му беше советник во кампањата за изборите во 2016 година, но во последните месеци од мандатот стана негов жесток критичар.

Во трката се и сенаторот од Јужна Каролина, Тим Скот, како и поранешната гувернерка на оваа сојузна држава, Ники Хејли, која беше и амбасадорка на САД во Обединетите нации (ООН).

Што ќе се случува следно

Првично, кандидатите ќе водат внатрепартиска битка за да ја освојат номинацијата на партијата. Во таа битка, наредните месеци тие ќе водат кампања и ќе се соочуваат на ТВ-дебати, а изборите во секоја држава ќе започнат во февруари следната година. Личноста која ќе има најголема поддршка ќе биде номинирана за републикански кандидат за изборите на партиска конвенција летото 2024 година.

Победникот кај републиканците веројатно на изборите во ноември 2024 година ќе соочи со Џо Бајден, кој со оглед дека најави кандидатура за реизбор, како актуелен претседател има најголеми шанси за освојување на номинацијата од демократите.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФФМ: Билетите за дуелот со Украина од денеска во продажба

Следно

(ВИДЕО) Власта најави ветинг, ама не се знае ниту кој ќе проверува ниту кого ќе проветрува

Latest from Blog

Лудница: Еве како фановите на Трабзонспор го пречекаа Салах!(ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/Trabzonspor Фудбалски “земјотрес“ вчерва предизвика пристигнувањето на Мохамед Салах во Трабзон каде беше пречекан од илјадници фанови на Трабзонспор. “Фараонотот“ кој важи за еден од најдобрите фудбалери на светт и покрај дригите

Околу 800.000 Либанци се вратија дома

„821.077 луѓе почнаа да се враќаат во своите домови“, се вели во соопштението на ОН, додавајќи дека повеќе од 360.000 остануваат раселени, вклучувајќи околу 26.000 во владини засолништа. Израел започна воздушни напади

Ќе има ли суша и во македонија, и дали постои закана од недостаток на струја

Додека Дунав, Сава и Драва бележат рекордно низок водостој, а некои европски земји се соочуваат со намалено производство на струја и проблеми во пловидбата, состојбата во Северна Македонија засега е стабилна анализа

Николоски од Ново Село: Инвестициите во инфраструктурата продолжуваат со силно темпо

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, порача дека Владата продолжува со реализација на значајни инфраструктурни проекти и подобрување на поврзаноста со македонската дијаспора. Тој информираше дека вечерва, на покана
Go toTop