Ирак сака да ја зголеми соработката со Туркије

June 5, 2023
1 min read

БАГДАД (АА) – ХАЈДАР КАРААЛП –

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Ирак, Ахмед Ас-Сахаф, изјави дека односите помеѓу Багдад и Анкара се развиле во сите области и дека сакаат да се зголеми соработката во иднина во економијата, развојот и борбата против тероризмот, јавува Анадолу.

Сахаф даде изјави за Анадолу во врска со напредокот и очекувањата во односите меѓу Ирак и Туркије, во новиот период по изборите во Туркије.

Истакнувајќи дека се задоволни од реизборот на претседателот Реџеп Таип Ердоган, Сахаф рече: „Односите меѓу Багдад и Анкара се развиваат во сите области. Победата на претседателот Ердоган повторно ја покажува волјата на турскиот народ.“

Надворешната политика на Ирак се заснова врз „почитување на волјата на народот“, рече Сахаф и додаде: „Ја поздравуваме одлуката на соседниот народ и турскиот брат во овој поглед.“

За очекувањата за односите меѓу двете земји во иднина, Сахаф изјави:

„Ние сме за унапредување на нашите односи во новиот период врз основа на заеднички дијалог во сите области, како што се економијата, развојот, водите и борбата против тероризмот и сакаме нашата соработка да се зголеми. Обемот на трговијата меѓу двете земји, исто така, се зголемува. Секој дијалог што ќе стане поттик за зближување меѓу двете земји е важен. Како Ирак ги цениме сите можности за урамнотежени и стабилни односи и за интересот на народите на двете земји.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите добија условна казна од една и пол година, докторот Вучевски е ослободен

Следно

Навивачите на Рома не го даваат Мурињо, бараат да остане во клубот

Latest from Blog

Битола високо рангирана во проектот „Заедници со интегритет“, потенцира Коњановски

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, присуствуваше на значаен состанок организиран од Националниот демократски институт (НДИ), посветен на зајакнување на интегритетот на институциите и борбата против корупцијата на локално ниво. Настанот се

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.
Go toTop