Годишната инфлација во Туркије во мај достигна најниско ниво во последните 17 месеци

June 5, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Годишната стапка на инфлација во Туркије изнесуваше 39,59 отсто во мај 2023 година, достигнувајќи го најниското ниво од декември 2021 година, покажаа официјалните бројки, пренесува Анадолу.

Годишната инфлација во земјата изнесуваше 36,08 отсто во декември 2021 година, 48,69 отсто во јануари 2022 година и 43,68 отсто во април 2023 година, покажуваат податоците на ТуркСтат.

Во мај, највисока годишна промена на цените е забележана кај хотелите, кафулињата и рестораните со 68,98 отсто, а најниска кај облеката и обувките со 19,49 отсто.

Месечната инфлација во Туркије исто така беше на 0,04 отсто во мај, што е најниско ниво од јуни 2019 година.

Статистичкиот институт соопшти: „Во мај 2023 година, домувањето со -13,79 отсто беше главната група која укажа на најмал месечен пораст.“

„Од друга страна, облеката и обувките со 9,85 отсто беа главната група каде е остварен најголем месечен пораст.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЅВЕЗДАТА НА ПОРТУГАЛСКОТО ФАДО, МИЗИЈА, ГО ОТВОРА 22. ОФФ-ФЕСТ В СРЕДА

Следно

Амстердам: Првиот подводен паркинг за велосипеди ги пополни капацитетите четири месеци по отворањето

Latest from Blog

„Охридско лето“ со незаборавна музичка вечер: Полските виртуози ја воодушевија публиката во Скопје

Националната установа „Охридско лето“ продолжува да ја збогатува културната понуда и надвор од редовната фестивалска сезона, приредувајќи уште една впечатлива концертна вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје. Виртуозниот полски

Николоски: Стратешкото партнерство со САД е силно, инфраструктурните проекти се реализираат со одлична динамика

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна средба со Никол Варнс, вршител на должноста амбасадор на САД во земјава.  На средбата беше потврдена посветеноста на стратешкото

Коњановски: Младинско катче и кариерен центар за учениците во битолското економско училиште

Учениците во СОЕУ „Јане Сандански“ во Битола добија младинско катче и кариерен центар. Просторот го уредиле самите ученици со поддршка од нивниот професор и координатор Целе Јолевски, а на свеченото отворање присуствуваше

Николоски: Ниските даноци и пристапот до европскиот пазар се предност за јапонските компании

Македонија нуди најдобри и најконкуретни услови за инвестирање во целиот регион. Имаме континуиран раст на БДП, раст на индустријата и единаесет квартали раст во градежништвото. Исто така, даночната политика е најповолна бидејќи
Go toTop