Брнабиќ вели дека е подготвена да си поднесе оставка, но претседателот Вучиќ не ѝ дозволува

June 4, 2023
1 min read

Со оглед на пишувањата на тајкунските медиуми, само да бидам јасна – подготвена сум во секој момент да поднесам оставка од премиерската функција, а претседателот на Србија тоа го знае и засега одбива. Можеби ќе се предомисли, напиша српската премиерка на Твитер

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ денеска објави дека е подготвна да поднесен оставка од функцијата претседателката на владата. 

Бранибиќ во својата објава на Твитер вели дека претседателот на Србија Александар Вучиќ знае за нејзината подготвеност во секое време на поднесе оставка, но оти засега одбива да ѝ дозволи да го направи овој чекор. 

„Со оглед на пишувањата на тајкунските медиуми, само да бидам јасна – подготвена сум во секој момент да поднесам оставка од премиерската функција, а претседателот на Србија тоа го знае и засега одбива. Можеби ќе се предомисли“,

напиша Брнабиќ. 

Понатаму во истата објава таа додава и порака до опозицијата. 

„Вие сакате избори – нема проблем, ние секогаш сме за избори. Јас секако останувам верна на Србија и на Алескандар Вучиќ“. 

Објавата на Брнабиќ доаѓа по вчерашниот петти по ред протест „Србија против насилството“ на кој илјадници граѓани излегоа во Белград да го изразат своето незадоволство од власта во земјата по двете масовни убиства што се случија пред точно еден месец во основното улилиште „Владислав Рибникар“ и кај Младеновац, во кои животите ги загубија 18 лица.  

На вчерашниот протест демонстратните бараа оставка, но не од Брнабиќ, туку од српскиот претседател Александар Вучиќ.  

Извор: 360stepeni.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Стотици илјади Полјаци ги преплавија улиците на Варшава на протестот против власта  

Следно

Вучиќ со идентична реторика за протестите како онаа на Милошевиќ пред 23 години

Latest from Blog

Активистка ја истражувала корупцијата во Еквадор, ја убиле- министерот тврди дека самата се задушила

Моника Силва Кониушек (41) била пронајдена мртва во својот дом на 8 јуни, и иако властите првично тврделе дека станува збор за самоубиство, обдукцијата покажала дека причина за смртта била удар во

Суд во Стразбур: Аболицијата на Ѓорге Иванов била незаконска

Судот за човекови права во Стразбур смета дека незаконска била аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, а која се однесуваше на лицата кои ги сомничеше поранешното Специјално јавно обвинителство… Според одлуката која

Клоп си побара и си доби аргентински дрес!(ВИДЕО)

ФОТО: Јurgen Klopp/X Јирген Клоп, познатиот фудбалски тренер, работи на Светското првенство како стручен консултант за германска телевизија во тандем со Томас Милер. Тој го гледаше натпреварот помеѓу Аргентина и Австрија во

Трамп тврди дека Иран се согласил на најстроги нуклеарни инспекции- Техеран негира

САД, по првите разговори како дел од новиот мировен договор, ги укинаа санкциите врз Иран за 60 дена во понеделник, објави Ројтерс. Трамп инсистираше на договорот во објава на социјалните мрежи. „Иран
Go toTop