Во свлечиште во Кина загинаа 14 лица, 5 се водат за исчезнати

June 4, 2023
1 min read

ПЕКИНГ (АА) – Поради придвижување на земјиштето ова утро во руралните предели на југоисточната кинеска провинција Сичуан животот го загубија 14 луѓе, а 5-мина се водат за исчезнати, известува Анадолу.

Во планинскиот регион на Сичуан со недели се регистрирани врнежи од дожд.

Повеќе од 180 луѓе се мобилизирани да помогнат во пронаоѓањето на оние кои се затрупани под свлечиштата во округот Лешан, во Сичуан, соопшти Комитетот на Комунистичката партија на округот Џинкоухе.

Југозападна Кина подлежи на свлечишта, особено во подрачјата во кои дојде до големи поместувања на земјиштето поради земјоделието, уништувањето на шумите или инженерските проекти.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Роуан Аткинсон: Сакам електрични коли, ама, малку ко да сум измамен

Следно

Ескобар му порача на Курти да ги повлече градоначалниците на северот, а тој возврати – за што служат тие згради ако не за градоначалници

Latest from Blog

Ристовски: Спортот е мост за соработка и идни успеси на Балканот

Под мотото „Спортот како национален идентитет и визија за иднината“, денеска во Скопје се отвори Првиот Регионален спортски самит „Скопје 2025“. Министерот за спорт Борко Ристовски истакна дека Скопје денеска е центар

Во Албанија за една деценија 112 илјади ученици помалку

– Податоците на Институтот за статистика (ИНСТАТ) покажуваат дека во 2015 година имало 362 илјади ученици во предуниверзитетско образование, додека во учебната 2024-2025 година 250 илјади. 112 илјади ученици помалку во предуниверзитетско

Инцидентите во Белград синоќа стигаат на наплата: Србија ја пречекува Албанија пред празни трибини?

Репрезентацијата на Србија синоќа на домашен терен на „Рајко Митиќ“ доживеа дебакл од 0:5 против Англија во рамките од новото коло од квалификациите за следниот Мундијал. Се случија неколку инциденти на самиот

ВИДЕО: Воз што превезувал гас експлодираше во главниот град на Литванија

Вилнус, главниот град на Литванија, денес издаде наредба за евакуација на жителите во радиус од еден километар од железничката станица, откако воз што превезувал течен нафтен гас (LPG) се запалил и експлодирал

Успешно завршен проект за водоснабдување на ул. „Сру“ во Битола

Јавното комунално претпријатие „Водовод“ – Битола успешно го заврши проектот за изградба на нова водоводна линија на улицата „Сру“ бр. 5. Во рамки на проектот се поставени современи полиетиленски цевки со нови
Go toTop