„И екологија и рударство“: ЕУ поддржува нови проекти, Иловица со фонд од 30 милиони евра за рекултивација

August 17, 2026
2 mins read

Европскиот пристап кон критичните минерали покажува дека развојот на рударството и заштитата на природата не мора да бидат спротивставени цели.

Доказ за зголемениот интерес е вториот повик на Европската Унија за финансиска поддршка на рударски проекти, на кој пристигнале 160 апликации. Паралелно со забрзувањето на процедурите за дозволи, ЕУ ги задржува механизмите за научна проценка, мониторинг, финансиски гаранции и задолжителна рекултивација.

Во Македонија, во фокусот е проектот за бакар Иловица–Штука, кој претставува единствена актуелна голема инвестиција во металичен рудник.

Од „Еуромакс Ресоурцес“ наведуваат дека проектот е ревидиран со цел да се намалат влијанијата врз животната средина, а во ниту една фаза од процесот нема да се користат цијанид или сулфурна киселина.

Предвидено е рудникот да функционира 23 години и да произведува повеќе од 16.000 тони бакар годишно. По исцрпувањето на резервите, постројките треба да бидат демонтирани во рок од две години, по што следува рекултивација на земјиштето.

За реализација на мерките за обновување на просторот, компанијата се обврзала да формира фонд од 30 милиони евра, кој ќе се користи за пошумување и обновување на вегетацијата во пасиштата.

Но, инвестициите во рударството кај нас или не се остваруваат или пак се во застој, каков што е случајот сега со „Иловица-Штука“. Од друга страна, Унијата отвора фондовите и доделува средства преку Европската инвестициска банка за нови рудници кои ќе бидат дефинирани како стратешки проекти.

„Големиот број на апликации ја покажува важноста на Директивата за критични суровини, за обезбедување јасност за промоторите на проекти, потенцијалните инвеститори, индустријата и земјите-членки. За индустријата, овие проекти ќе помогнат во диверзификацијата на снабдувањето и изградбата на синџир во согласност со целите на Директивата, обезбедувајќи безбеден пристап до материјали неопходни за стратешките енергетски, дигитални и одбранбени сектори. Ова е камен-темелник на економската безбедност и долгорочната стратешка автономија на Европа“, соопшти Европската Комисија.

Од Комисијата додадоа дека според апликациите, 75 проекти би можеле да го поддржат вредносниот синџир за батерии, 21 се фокусираат на ретки земни елементи за трајни магнети (од витално значење за ветерни турбини и други обновливи извори), додека повеќе проектни апликации се однесуваат на елементи потребни во одбраната. Комисијата примила 95 апликации од земји-членки на ЕУ и 66 од земји вон ЕУ, вклучувајќи 40 апликации од земји со кои Брисел има склучено стратешко партнерство за суровини.

Првата рунда на селекција во 2025-тата година дефинираше 47 стратешки проекти во ЕУ и 13 проекти во партнерски земји. Дел од нив се во Шведска, која е несомнено меѓу земјите со највисоки еколошки перформанси во светот, но во исто време останува водечка земја во рударството во Европската Унија. Најновиот статистички извештај од Шведскиот геолошки завод – SGU покажува дека во 2025 година во земјата работеле 13 металиччни рудници. Шведска најмногу ископува железна руда, бакар, цинк, олово, злато и сребро. На листата е и Финска, која има развиена индустрија за злато, никел, бакар, кобалт, хром и индустриски минерали. Австрија нуди еден од највпечатливите европски примери за „екологија и рударство“. Со примена на современи технологии работи рудникот Митерсил во покраината Салцбург, каде се вади шелитна руда за производство на волфрам. На југот на Шпанија, регионот Андалузија е центар на рударството на метали. Во својот извештај од 2025 година, ОЕЦД наведува дека Андалузија обезбедува 35% од рударското производство на Шпанија, концентрира 30% од вработеноста во шпанскиот рударски сектор, сочинува околу 90% од рударството на метали во земјата и е втор најголем производител на бакар во ЕУ.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Гатузо им се извини на навивачите после шокантната елиминација

Latest from Blog

БРИСЕЛ ПОДГОТВУВА НОВ УДАР ВРЗ МОСКВА: ЕУ со најобемни санкции за Русија досега

Европската Унија подготвува нов, најобемен пакет санкции против Русија од почетокот на војната во Украина, кој се очекува да биде претставен оваа есен. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, најави

Проданоски: 20 години пријателство меѓу Прилеп и Тополчани, продолжуваме со нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, престојува во Тополчани, Словачка, по повод традиционалните „Денови на Тополчани“ и одбележувањето на 20-годишнината од соработката и збратимувањето меѓу Прилеп и Тополчани. Проданоски, кој е во

Само Ланс знае како против ПСЖ!

фото:facebook.com/RCLens Ланс – ПСЖ 1:0 во меч од Суперкупот на Франција. Значи нема нов трофеј за четата на Луис Енрике која во последните две години просто е “казнена експедиција“. Ја покори Европа,
Go toTop