Шест критични и три починати од западнонилска треска

August 17, 2026
1 min read

Трет пациент починал од западнонилска треска во Македонија, а бројот на лабораториски потврдени случаи се искачи на 35, соопштија денеска здравствените власти. Уште три лица се суспектни и кај нив дијагностиката е во тек.

Последниот смртен случај е 61-годишен пациент кој починал во текот на викендот. Тој имал сериозни придружни заболувања и бил од едно од подрачјата каде што е регистрирана зголемена активност на вирусот.

На Клиниката за инфективни болести во моментов се лекуваат 16 пациенти. Шестмина се во критична состојба и се згрижени на Одделот за интензивна нега.

Директорот на Клиниката, Фадил Цана, предупреди дека меѓу заразените веќе има и помлади пациенти. Најмладиот хоспитализиран пациент со невроинвазивна форма на болеста има 25 години, но неговата состојба е стабилна. Шесте пациенти во критична состојба се постари од 60 години.

Кај околу еден процент од заразените може да се развие тешка невроинвазивна форма, со висока температура, силна главоболка, закочен врат, дезориентираност и конфузност. Според Институтот за јавно здравје, најголемиот дел од инфекциите минуваат без симптоми, додека тешките форми може да доведат до воспаление на мозокот или мозочните обвивки.

Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека се утврдуваат местата каде што пациентите најверојатно биле заразени, бидејќи адресата на живеење не мора да биде и местото на инфекцијата. Инкубацискиот период трае од три до 14 дена, поради што се проверува каде се движеле пациентите во тој период.

Здравствените власти најавуваат засилено и таргетирано прскање против комарци од земја, особено околу местата со застоена вода и во подрачјата каде што се регистрирани случаи. Според Клековски, август и септември историски се периодот кога се очекува најголема активност на вирусот.

Епидемија на западнонилска треска претходно беше прогласена во повеќе делови од скопскиот регион, меѓу кои Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и во Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино и Јурумлери. На 11 август биле регистрирани 26 случаи, што значи дека бројот на потврдени инфекции продолжува да расте.

Здравствените власти апелираат граѓаните да користат средства против комарци, да носат облека што покрива поголем дел од телото во периодите кога комарците се најактивни и да ја отстрануваат застоената вода од дворовите и околината.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВЛЕН: ДУИ функционира како политбиро, нервозата во партијата расте

Следно

ВИДЕО | НОВА КРВАВА НОЌ НА РУСКО ТЛО – Украински ракети ја погодија Белоградската област, шестмина загинаа

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: ДДВ-то за дизелот од 18 се намалува на 10 отсто

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, информираше дека Владата донела одлука за повторно намалување на стапката на ДДВ за дизелот, од 18 на 10 отсто. Според неа, мерката е донесена како одговор на

Меџити: Честитки до мојот пријател Албин Курти за реизборот за премиер на Косово

Градоначалникот на Општина Чаир и копретседател на партијата ВЛЕН, Изет Меџити, му честиташе на Албин Курти за повторниот избор за премиер на Република Косово. Меџити оцени дека во периодот што следува Македонија

Фановите на Ливерпул запреа автомобил на фудбалер после киксот – настана хаос!

Разочарувањето по уште едно промашување на Ливерпул за малку ќе се претвори во многу непријатна ситуација на улиците по натпреварот против Фулам. Откако натпреварот заврши без голови, група навивачи на Ливерпул го

Димитриеска-Кочоска: Економскиот раст и инвестициите се доказ дека политиките даваат резултати

13 септември 2026, Скопје – Република Македонија го задржа кредитниот рејтинг којшто го оценува Кредитната агенција „Фич“. Ова за мене беше силна потврда за конзистентноста на политиките што ги спроведуваме и силен
Go toTop