Невреме во Прилеп: ЦУК на штрек поради опасност од излевање на реките 

June 3, 2023
1 min read

Од Регионалниот центар за управување со кризи во Прилеп се побарани дополнителни дежурни екипи од локалната Територијална противпожарна единица (ТППЕ – Прилеп) и Јавното претпријатие „Водовод“ доколку е потребно да интервенираат поради зголемениот водостој на реките

Обилни врнежи од дожд попладнево го зафатија Прилеп поради што на некои места има излевање на реката од речното корито, соопштија вечерва од Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

Од Регионалниот центар за управување со кризи во Прилеп се побарани дополнителни дежурни екипи од локалната Територијална противпожарна единица (ТППЕ – Прилеп) и Јавното претпријатие „Водовод“ доколку е потребно да интервенираат поради зголемениот водостој на реките.   

„Обилни врнежи од дожд попладнево го зафатија Прилеп. Водостојот на реките е зголемен и засега на некои места има изливање на реката од речното корито во Прилеп.  Од страна на раководителот на РЦУК – Прилеп побарано е од ТППЕ Прилеп и ЈП Водовод да има дополнителна дежурна екипа доколку има потреба од дополнителни сили“,

се наведува во информацијата на ЦУК, објавена на официјалниот фејсбук-профил. 

Поројниот дожд што го зафати Прилеп поплавил голем дел од улиците низ градот и предизвикал тешкотии во сообраќајот.  

На социјалните мрежи се споделуваат видеа и информации за поплавени куќи, локали и други објекти, а наводно имало и пожар во објект за автоделови, пренесува ТВ Телма. 

Од Центарот за управување со кризи и од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираат дека регионалниот пат Охрид – Свети Наум, кај селото Љубаништа е во целосен прекин поради одрон на патот.  

Сообраќајот на патот е во прекин од 19:15 часот, информираат од ЦУК.  

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Македонската филхармонија утре гостува во Ниш

Следно

Граѓаните на протестот „Србија против насилството“ му оставија пораки на Вучиќ и најавија нов собир за следната недела 

Latest from Blog

Украинскиот претседател Зеленски изјави дека со американскиот претседател Трамп разговарал за безусловно примирје

КИЕВ (АА) – Украинскиот претседател Владимир Зеленски информираше дека тој и американскиот претседател Доналд Трамп разговарале за целосно и безусловно примирје во војната меѓу Русија и Украина за време на нивната средба

Кривична за 51-годишно лице од Косово, дал 10 евра поткуп на „Долно Блаце“

Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Б.Ш.(51) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. На 15.04.2025 на Граничниот премин Долно Блаце, на

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на денешната прес-конференција пред претставниците на медиумите, ги соопшти новите услуги од Основните судови, кои од сега за граѓаните се достапни на националниот портал за електронски

Во Ватикан почна погребот на папата Франциск

Погребната церемонија на папата Франциск почна на преполниот Плоштад Свети Петар во Ватикан во присуство на илјадници верници и голем број светски лидери. Ковчегот со телото на папата е изнесен од Базиликата
Go toTop