Прв пред насобраните граѓани се обрати глумецот Ненад Хаџи Маричиќ. Тој пред да почне со говорот ги замоли присутните за тишина за да можат да се слушнат 18 удари во чест на жртвите на масовните убиства
Насобраните граѓани, како што јави Н1, во воздух пуштија транспарент со ликот на српскиот претседател Александар Вучиќ на кој пишува „Вучиќ оди си“. Транспарентот беше прикачен за балони, наполнети со хелиум, со боите на српското знаме
На протестот организирано пристигна и група студенти, кои од страна на насобраните беа дочекани со аплауз. Тие носат транспаренти на кои пишува: „Стидентите нема да молчат“ и „АВ (Александар Вучиќ н.з.) диктатор“, „Укинуваш у;илишта, а не реални шоуа“
Со бројни транспаренти десетици илјади граѓани на Србија попладнево излегоа на петтиот по ред протест „Србија против насилството“, што го организиран дел од опозицијата.
За потсетување, протестите „Србија против наилството“ се одржуваат од 8 мај, а повод за собирите на граѓаните се двете масовни убиства кои се случија во Србија – првото на 3 мај во основното училиште „Владислав Рибникар“ и второто ден подоцна во селата Дубона и Мало Орашје, кај Младеновац. Во трагедиите животите ги загибија 18 лица, а повеќе беа ранети.
Вечерашниот собир почна во 18 часот пред заградата на српскиот парламент во Белград, а како што е најавено маршот на граѓаните ќе се движи низ повеќе улици и плоштади во главниот град и треба да заврши во 21 часот пред зградата на претседателството на Србија.
Прв пред насобраните граѓани се обрати глумецот Ненад Хаџи Маричиќ. Тој пред да почне со говорот ги замоли присутните за тишина за да можат да се слушнат 18 удари во чест на жртвите на масовните убиства.
„Трагедиите не поврзаа, не само во заедничката тага, туку и во заедничката одлучност да се спротивставиме на насилството. Денеска додека одиме, ќе носиме не само болка, туку и надеж“,
рече тој, пренесува Н1.
Српските глумци кои изминативе денови, како што пренесуваат медиумите, беа цел на напади и навреди и преставници на властите во Белград поради нивното учество на протестите „Србија против насилството“ претходно се сообраа пред театарот „Ателје 212“ од каде се придружија на протестот.
Насобраните граѓани, како што јави Н1, во воздух пуштија транспарент со ликот на српскиот претседател Александар Вучиќ на кој пишува „Вучиќ оди си“, Транспарентот беше прикачен за балони, наполнети со хелиум, со боите на српското знаме.
На протестот организирано пристигна и група студенти, кои од страна на насобраните беа дочекани со аплауз. Тие носат транспаренти на кои пишува: „Стидентите нема да молчат“ и „АВ (Александар Вучиќ н.з.) диктатор“, „Укинуваш училишта, а не реални шоуа“.
Пред насобраните се обрати и прославената српска глумица Светлана Бојковиќ, која рече дека Србија се претворила во општество кое ја поттикнува темната страна на човековата природа, наместо да инспирира.
„Уште од првиот тивок протест бевме обвинети дека трагедијата што ни се случи ја користиме за политички цели, дека сме хиени и мршојадци. Во месецот на нашите мирни протести бевме изложени на навреди и сега е време да кажеме нешто. Во што се претвори нашето општество денес? Се претвори во општество кое постојано го поттикнува манифестирањето на темната страна на човековата природа, наместо да инспирира. Се претвори во општество во кое вештите, вредните се маргинализирани, а на нивните места се поставуваат недоволно образованите, неквалификуваните и неспособните“,
рече Бојковиќ, пренесува Нова.рс.
Пред огромниот број граѓани се обрати и водителот Зоран Кесиќ, кој на насобраните им порача дека колку повеќе ги има и колку се полути и погласни, толку повеќе таа сила ќе биде почитувана.
„Се случи некоја промена, вие веќе не сте мршојадци и хиени, бидејќи кога видоа колку ве има, почнаа да ве нарекуваат голем број граѓани кои мораме да ги почитуваме. А колку повеќе нè има во Белград и другите градови и колку сме полути и погласни, толку повеќе да ја почитуваме таа сила“,
рече Кесиќ.
Тој истакна дека Србија мора да ја менуваат заедно со истите граѓани кои беа принудени да дојдат со автобуси, алудирајќи на митингот на српскиот претседател Александар Вучиќ, минатата недела.
„Мораме да ја промениме оваа држава со истите луѓе кои беа принудени да доаѓаат со автобуси и затоа им велам на сите кои сакаат да не поделат и да владеат – Србија е една. Порака до сите кои нè делат и оние кои дојдоа со автобуси, ќе мора да го промениме ова и ќе мора да се запознаеме. Јас се викам Зоран и по разочарувањето, болката, солзите, повторно се насмевнувам и повторно се заљубувам во мојот град и мојата земја. Еве рака“,
рече тој.
Актерот Драган Бјелогрлиќ им оддаде признание на младите дека достоинствено реагираат на насилството на кое се изложени во овој, како што рече, извитоперен режим.
„…Ние сме им должни на децата од Рибникар. Ним им должиме правда и мир. Им должиме се што не можевме да им дадеме во текот на животот. И ние треба да го платиме тој долг кон нив, кон секое дете во оваа земја и конечно кон самите нас самите.Денес ве повикувам да дојдете во оваа фаза. Ти припаѓаш овде. Тука сум да ве поддржам и да ве охрабрам да истраете. Затоа што запомнете, Србија не малку и ваша, таа е ваша“,
низ солзи рече Бјелогрлиќ.
На претходните четири протести организаторите ги изнесоа своите барања до властите, а кои ќе ги повторат и вечерашниот.
Тие бараат смена на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ), како и згаснување на магазините и таблоидите кои промовираат омраза и насилство и го кршат новинарскиот кодекс. Исто така, се бара и конфискација на фреквенциите на телевизиите „Пинк“ и „Хепи“ и стопирање на реалните шоуа и програми кои промовираат насилство, неморал и агресија, а кои се емитуваат на националните телевизии.
Дел од барањата, кои организаторите ги поделија во три групи, се и оставки на министерката за полиција Братислава Гашиќ и директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Александар Вулин.
Извор: 360stepeni.mk