Ердоган по полагањето на заклетвата го посети мавзолејот на Ататурк

June 3, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Реџеп Таип Ердоган по полагањето свечена заклетва во турскиот Парламент за трет мандат претседател на Туркије, го посети мавзолејот на основачот и прв претседател на Република Туркије, Мустафа Кемал Ататурк, известува Анадолу.

Ердоган по свеченото полагање заклетва го напушти Парламентот, од каде во придружба на најблиските соработници пристигна во Аниткабир, мавзолејот на основачот на модерна Туркије, Мустафа Кемал Ататурк.

Претседателот на Туркије по пристигнувањето во мавзолејот положи венец, и со минута молчење му оддаде почит на Ататурк, по што беше интонирана химната на Туркије. Ердоган потоа се запиша во Книгата на впечатоци во Аниткабир.

„Верувам дека овие избори на кои претседателскиот систем доби потврда од народот, ќе отворат врата за нов период пред нашиот народ. Ќе продолжиме силно да работиме за да ги залечиме раните од разорниот земјотрес, а жртвите од земјотресот што побргу да ги вратиме во нивните домови. Уште еднаш ветуваме дека ќе продолжиме да го јакнеме единството и братството на нашиот народ и основачите на нашата држава. Господ нека ни помогне на тој пат“, рече Ердоган во кусото обраќање по посетата на Аниткабир.

Ердоган денес положи заклетва за својот трет мандат претседател на Туркије и втор по преминот на државата во претседателски систем на управување.

На свечената седница во Големото народно собрание на Туркије, привремениот претседател Девлет Бахчели на претседателот Ердоган му го врачи сертификатот на Врховната изборна комисија како потврда за победата на Ердоган на претседателските избори одржани на 28 мај. Ердоган потоа од говорницата на Парламентот свечено положи заклетва и го започна новиот мандат претседател на државата.

По посетата на мавзолејот на Ататурк, во Претседателската палата ќе започне свеченоста на која ќе присуствуваат бројни официјални лица, меѓу кои претседатели , премиери и други високи функционери од бројни земји, вклучувајќи ги и земјите од регионот.

Ердоган за првпат на функцијата претседател на Туркије е избран во 2014 година, а воедно, тој е и прв директно биран претседател на оваа земја.

Според официјалните резултати на Врховната изборна комисија, Ердоган победи во вториот круг претседателски избори што на 28 мај се одржаа во Туркије, со освоени 52,18 % гласови, додека опозицискиот кандидат Кемал Киличдароглу освои 47,82 %.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

„Пољуд“ ќе се реконструира за 40 милиони евра

Следно

Ал-Ула, историски град на културата на Саудиска Арабија

Latest from Blog

16 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ЛОКУМАДЕС: Принудувале странски државјани да продаваат крофни на Халкидики

Затворска казна од 16 години му е одредена на водачот на криминалната група што вршела изнуди за контрола на продажните места на крофни, односно на популарните грчки локумадес на плажите во Ситонија,

Танкер со нафта експлодираше во близина на Либија

Танкер што превезуваше милион барели нафта експлодираше во близина на брегот на Либија, изјави вчера неговиот управувач. Според Блумберг, танкерот „Виламура“ моментално се влече кон Грција, каде што штетата ќе се процени

Мицкоски: Со отворено срце и разум чекориме по европскиот пат, но се противиме на уцените кои не се дел од европските вредности

Нашата држава чекори по европскиот пат со отворено срце и разум, со прифаќање на европските вредности, меѓутоа се противиме на уцените кои не се дел од тие вредности. Не прифаќаме наметнувања под

Турскиот производител на дронови „Бајкар“ го заврши преземањето на италијанската компанија „Пијаџио Аероспејс“

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот производител на беспилотни летала „Бајкар“ ја финализираше аквизицијата на италијанската авијациска компанија „Пијаџио Аероспејс“, соопшти италијанското Министерство за претпријатија и „Мејд ин Итали“, јавува Анадолу. Завршена е постапката

Еден од најдобрите англиски голгетери започнал преговори со Манчестер јунајтед!

Манчестер јунајтед сериозно размислува за засилување на напаѓачката линија, а најновата цел е одличниот стрелец од редовите на Астон Вила, Оле Воткинс. Англискиот репрезентативец зад себе има извонредна сезона, во која настапи
Go toTop