Македонскиот јазик од следната академска година ќе се изучува на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав

June 3, 2023
2 mins read

Македонскиот јазик од следната академска година ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав во Полска.

– Заемната определба да се вложува во перспективите за македонистиката во Полска дава конкретни резултати. По одбележувањето на јубилејот 35 години Лекторат по македонски јазик на Факултетот за хуманистика во Сосновјец при Шлезискиот универзитет во Катовице, од следната академска година, македонскиот јазик ќе се изучува и на додипломските студии на Универзитетот во Вроцлав. Определбата македонскиот јазик уште посилно да одекнува во светот не е само желба, туку секојдневно е стварност, истакна директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК при УКИМ), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска по завршување на 11. Македонско-полска конференција во Катовице и по чествувањето на јубилејот на Лекторатот по македонски јазик во Сосновјец.

Наставата во Вроцлав ќе ја изведува полската македонистка, д-р Марија Стришевска, која е семинаристка на школите на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

– На Универзитетот на кој великиот Блаже Конески, кој е меѓу најзаслужните за воспоставувањето и развивањето на македонско-полските културни врски во минатиот век, во 1973 година бил прогласен за dokctor honoris causa, половина век потоа ќе се одвива настава по македонски јазик уште од почетно рамниште на додипломските студии. Се случува нешто на што нè обврзува историјата, затоа што на овој Универзитет, интересот за македонистиката е континуиран и потоа, особено заради успешната работа на Македонистиката работилница основана од еден од најистакнатите полски македонисти, акад. Јан Соколовски, кој и денес е постојано посветен на македонистиката што се потврди и на Конференцијата. Но, особено ни е драго што наставата во Вроцлав ќе ја изведува полската македонистка, д-р Марија Стришевска. Таа е семинаристка на школите на МСМЈЛК при УКИМ и сето она што преку лекторската настава и предавањата на школите во текот на изминатите години го вложивме во неа сега постанува влог во нови генерации полски македонисти. Ова е конкретен пример дека вложувањата во актуелните генерации странски македонисти не се само за сегашноста, туку пред сè за иднината на странската македонистика, нагласи Мојсова-Чепишевска.

Веста за отпочнувањето со академска настава по македонски јазик на Универзитетот во Вроцлав беше соопштена од амбасадорот Илија Псалтиров.

Според директорката на МСМЈЛК при УКИМ, значајно е што веќе се видливи дипломатските заложби за статусот на македонистиката на странските универзитети и за поддршка на заложбите за развој на странската македонистика.

– Се надевам дека тоа не е привремена пројава, туку дека ќе биде постојана, секојдневна практика, затоа што странската македонистика мора да биде државен приоритет, рече Мојсова-Чепишевска.

Додаде дека и онаму каде веќе има традиција на интерес и посветеност за македонскиот јазик, потребни се вложувања и посветеност за таа да продолжи да се развива.

– Затоа, во рамки на чествувањето на јубилејот на Лекторатот по македонски јазик во Сосновјец, со колегите од Полска и натаму разговаравме со конкретни предлози за унапредување на наставата по македонски јазик, литература и култура на Шлезискиот универзитет, со цел поттикнување и поголем интерес за македонистиката кај новите генерации студенти. Верувам дека и сето она за што разговаравме и го споделивме како предлог ќе се оствари, како што се оствари и сето она што го планиравме во рамките на чествувањето на јубилејот, истакна Мојсова-Чепишевска.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лидерите од регионот денес во Анкара на инаугурацијата на претседателот на Туркије, Ердоган

Следно

Обуки за диверзитет и инклузија се бадијала горење пари

Latest from Blog

Врховен судија открива: Притисоци и разрешување по одлука за Јанкуловска

Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд, а денес адвокат, за првпат во емисијата „Претрес со Ландов“ јавно проговори за причините за неговото разрешување во 2020 година од страна на Судскиот совет.

Трамп свика итен состанок за Иран, можен е напад и во наредните неколку часа

Доналд Трамп ги повика своите врвни советници на брифинг во Белата куќа за да разговараат за тековната нуклеарна криза со Иран, според извештајот на веб-страницата „Аксиос“. Му беа презентирани опции поврзани со

Исплатени се 338.468.141 денари кон 9.567 овоштари

Извршена е исплата во износ од 338.468.141 денари кон 9.567 лица, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Истата е реализирана согласно Мерка 1.6 – директни плаќања по обработлива површина за

Проданоски: 100 дена посветена работа – поставени темелите за модерен и зелен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, на настан посветен на првите 100 дена од мандатот направи отчет за сработеното, нагласувајќи дека периодот бил исполнет со интензивна работа, храбри одлуки и конкретни резултати. „100

Паника на “Емирејтс“: Изгледа дека со овој тренер Арсенал никогаш нема да биде шампион во ПЛ!

ФОТО: Arsenal/FB Повторно истата приказна се повторува, по четврти пат. Пример за типичен тренерски кукавичлук. Едноставно човекот не знае како. Се разбира дека се мисли на Микел Артета, менаџерот на Арсенал. Пред
Go toTop