Нови руски напади врз Украина, нема информации за штети или жртви

June 2, 2023
1 min read

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека не се регистрирани повици до спасувачките служби

Низ цела Украина утрово е прогласена тревога поради руските ракетни напади. Неколку часа по нападот тревогата е укината во поголемиот дел од земјата, вклучително и во главниот град Киев.

Киевските власти известија дека имало две одделни серии напади. Според Генералштабот на украинската армија, Русија го нападнала Киев со 15 крстосувачки ракети и 18 ирански беспилотни летала „Шахед“, пренесува Киев индипендент.

Претходно градската воена управа на Киев објави дека според прелиминарните информации, во нападот во текот на ноќта над Киев биле соборени 30 дронови.

Серхи Попко, началникот на воената администрација на Киев, во објава на Телеграм вели дека ова е шести бран напади врз украинскиот главен град во изминатите шест дена.

„Во последниот напад беа користени и балистички ракети и беспилотни летала. Се уште нема информации за штети или жртви“,

рече Попко.

Тој го пофали украинскиот систем за противвоздушна одбрана за одбивањето на ракетите воздух-земја и нападните беспилотни летала „Шахед“ од Иран.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека не се регистрирани повици до спасувачките служби.

Од почетокот на мај, Русија изврши околу дваесет ракетни и беспилотни напади врз украинските градови.

Украина редовно тврди дека нејзината одбрана ги соборува повеќето руски ракети и беспилотни летала.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, вчера побара од западните сојузници да испратат повеќе ракетни системи „патриот“ во Киев додека не пристигнат борбените авиони.

На самитот на европската политичка заедница во Молдавија, Зеленски претходно им се заблагодари на сојузниците за нивната „силна поддршка“ во однос на испраќањето борбени авиони и обуката на украинските војници, но ги повика лидерите на многу земји да му испратат повеќе одбранбени системи.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кристијано Роналдо објави каде ќе игра следната сезона

Следно

Повеќето млади лекари во Грција незадоволни од здравствениот систем во земјата

Latest from Blog

Тајван ги доби првите нови американски авиони Ф-16, нарачани се 66

Авионите слетаа во воздухопловната база Чиханг во источниот округ Тајтунг околу пладне, по летот од Хаваи и попатното застанување во Гуам. Тајванскиот претседател Вилијам Лаи Чинг-те изјави дека пристигнувањето на авионите претставува

Манчестер сити би можел да добие и дополнителна казна од ФА на Англија

Фудбалската асоцијација на Англија конечно се огласи за случајот со Манчестер сити, со што целата ситуација добива нова димензија. Случајот со Манчестер сити, односно наводните прекршувања на финансиските правила од страна на

Таневски: Битола уште еднаш покажа дека е вистински фудбалски град

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Александар Таневски, упати благодарност до Битола и до навивачите за поддршката која ја доби репрезентацијата на вчерашниот натпревар. Таневски истакна дека атмосферата од трибините им

Димитриеска-Кочоска: Ги отвораме вратите за нови инвестиции и економско поврзување со Шведска

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска оствари средба со амбасадорот на Кралството Шведска во земјава, Ола Сулстром, на која било разговарано за унапредување на соработката меѓу двете земји. Како што информира Димитриеска-Кочоска, фокусот
Go toTop