Париз и Берлин повикаа на нови избори на северот на Косово со учество на Срби

June 1, 2023
1 min read

Макрон и Шолц од претседателите на Србија и Косово побарале јасни одлуки до следната недела

ФОТО: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц ги повикаа Приштина и Белград што е можно поскоро да организираат нови избори во четирите општини на северот на Косово, наведувајќи дека истовремено е неопходно да се разјаснат изборните правила. Макрон рече дека побарале јасни одлуки до следната недела.

Ова го изјавија Шолц и Макрон во Кишињев, на самитот на Европската политичка заедница.

„Бевме во можност со канцеларот Шолц да ја продолжиме работата што ја започнавме минатиот пат и покрај настаните што се случија на северот на Косово во последните денови“,

рече Макрон.

Тој посочи дека имале одвоени средби со косовската претседателка Вјоса Османи и со српскиот претседател  Александар Вучиќ и изјави дека тензиите на северот на Косово се резултат на локалните избори, на кои само три отсто запишани гласачи на 23 април излегоа да гласаат.

Косовската претседателка Вјоса Османи потврди дека Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц побарале Приштина да најде начин да организира нови избори на северот на земјата и на нив да учествуваат косовските Срби.

Османи, како што пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа, на европските лидери им порачала дека законските процедури овозможуваат одржување на избори.

„Тоа не се прави веднаш, но има законски процедури кои им овозможуваат на граѓаните да одлучат дали сакаат избори“,

додаде таа.

Макрон рече дека во следните недели ќе биде донесена „јасна одлука“ за ситуацијата на северот на Косово и дека тоа било договорено на средбите со Шолц и Османи и Вучиќ.

По самитот во молдавското село Булбоака, Макрон изјави и дека шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ќе разговара со лидерите на Србија и Косово за одржување нови избори.

Денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг рече дека северноатлантската алијанса е подготвена да испрати уште повеќе војници во Косово за да го смири насилството на северот на земјата населен претежно со Срби, додавајќи дека првите 700 војници веќе се на пат за Косово.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Хамшик најави крај на професионалната кариера

Следно

Павар сака да замине од Баерн

Latest from Blog

Португалската федерација ќе се обиде да се смири со Роналдо

Заминувањето на Кристијано Роналдо од кампот на португалската репрезентација е главна тема во земјата, но и во фудбалска Европа. Фудбалската федерација на Португалија не сака соработката со еден од најголемите играчи во

Божиновска: Со интерконекторите и Вертикалниот коридор ја зајакнуваме енергетската позиција на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави дека следната недела во Србија ќе се одржи вториот министерски самит со колегите од Грција, Бугарија и Србија, по средбата во Атина

Коњановски: Полни трибини за младата репрезентација – Битола живее за спортот

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, вечерва беше дел од многубројната публика на стадионот „Петар Милошевски“, каде младата репрезентација на Македонија одигра 1-1 против Црна Гора во квалификациите за Европското првенство. Коњановски

Меџити: Чаир се менува од темел – 1.400 метри нов водовод и целосно обновени улици

Во населбата Саат Кула во општина Чаир е реализирана целосна реконструкција на инфраструктурата, која, според градоначалникот Изет Меџити, опфаќа интервенции од подземната инфраструктура до целосно нов асфалт. Меџити посочува дека во рамки
Go toTop