Борел: „Сторителите на насилството во Косово мора да бидат повикани на одговорност“

June 1, 2023
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Насилството во северно Косово треба да се осуди, а сторителите треба да бидат повикани на одговорност, изјави денес шефот за надворешна политика на Европската Унија (ЕУ), Жозеп Борел, јавува Анадолу.

Борел даде изјава пред вториот Самит на Европската политичка заедница во Булбоака, Молдавија, на кој се собираат лидерите на европските земји и шефовите на институциите на ЕУ.

„Мора да инсистираме на тоа дека насилството не е начин“, рече тој, потсетувајќи дека во средата се сретнал со косовскиот премиер Албин Курти и дека очекува да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Сите мора да се обидат да избегнат секаков вид ескалација и некоординирани потези“, додаде Борел.

Косово го зафатија тензии откако демонстранти се судирија со безбедносните сили во северните општини во кои доминира српското население поради изборот на градоначалници етнички Албанци.

За време на судирите беа повредени најмалку 30 војници на НАТО.

Во врска со денешниот напад на Русија врз Киев, во кој меѓу загинатите има две деца, Борел рече дека ова е уште еден знак дека „Русија продолжува да го напаѓа цивилното население во Украина“.

„Се надевам дека присуството на толку многу лидери тука, многу блиску до Украина, на неколку километри од границата, ќе прати силна порака за единството на многу, многу држави… за одбраната на меѓународниот поредок, за одбрана на правата на луѓето, бранејќи го суверенитетот на земјите.“

Тој, исто така, нагласи дека стабилноста, поврзаноста и безбедноста се трите клучни зборови на Самитот од гледна точка на градење заедничка политичка рамка на ЕУ.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ФОТОГАЛЕРИЈА+ВИДЕО) Општина Центар почна со затрупување на спорното градилиште кај Универзална: Инвеститорот градел спротивно на одобрението за градба

Следно

СО СЛАВКО ЈАНЕВСКИ ИЗМИНАВМЕ ДОЛГ ПАТ И ПОКАЖАВМЕ ДЕКА СО МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК ИМАМЕ ШТО ДА МУ КАЖЕМЕ НА СВЕТОТ, РЕЧЕ АКАДЕМИК УРОШЕВИЌ, ЛАУРЕАТ НА РОМАН НА ГОДИНАТА

Latest from Blog

Кина: Војна на САД и Израел против Иран не е легитимна

Иранските државни медиуми објавија повеќе детали од состанокот во Пекинг меѓу иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи и неговиот кинески колега. Според новинската агенција Тасним, кинескиот министер за надворешни работи Ванг

Коњановски со признание „Менада“ на завршницата на „Танц фест“

Со моќната изведба на „Будење“, во кореографија на Рисимна Рисимкин, синоќа во Народниот театар Битола беше затворено 22-то издание на фестивалот „Танц фест“. Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, пред почетокот на

Младоженец е убиен додека одел на сопствената свадба, причината е морничава

Невидениот злостор се случил во областа на полициската станица Кета Сараи, соопштија официјални лица. Според началникот на полицијата во Кунвар, Анупам Сингх, обвинетиот, идентификуван како Прадип Бинд, заедно со соучесник, отворил оган

Хоџа: Потребни се заеднички решенија за климатските предизвици

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествуваше на министерската тркалезна маса на 5-тиот Меѓународен форум за води што се одржува во Истанбул, Република Турција. Во своето обраќање, тој ја
Go toTop