Израелските сили приведоа 33 Палестинци на окупираниот Западен Брег

June 1, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израелската војска приведе 33 Палестинци на различни локации на окупираниот Западен Брег, пренесува Анадолу.

Според писменото соопштение на Здружението на палестински затвореници, израелските сили утрово продолжиле со рации врз Палестинците на повеќе локации на Западниот Брег.

Израелските сили во рациите приведоа 33 Палестинци, од кои 23 се приведени во местото Таку во Витлеем.

Израелската страна не излезе со соопштение во врска со спроведените рации.

Инаку, израелските сили често вршат рации во куќите во окупираниот Западен Брег и Источен Кудс и под различни обвиненија приведуваат Палестинци.

Одвреме-навреме се случуваат судири меѓу израелските војници и Палестинците кои реагираат против рациите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

(ВИДЕО) Хаос во бугарското собрание: Пратеници се плукаа, некои од нив завршија со крвав образ и скршени очила

Следно

Милевски за списокот, за дуелите со Украина и Англија: Мора да погазам некои свои принципи!

Latest from Blog

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на

Николоски: Инфраструктурата и капиталните вложувања во фокусот на средбата со германските компании

Владина делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе работат во Македонија, информираше вицепремиерот Александар Николоски. Во фокусот биле можностите за
Go toTop