Вучиќ разговараше со Ердоган: Туркије е исклучително важен партнер за Србија

May 31, 2023
1 min read

БЕЛГРАД (АА) – Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денес телефонски разговараше со претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, и му ја честита изборната победа, посакувајќи му и во овој мандат успешно да ја води земјата по патот на развојот, пренесува Анадолу.

Од Кабинетот на српскиот претседател соопштија дека Вучиќ во оваа пригода нагласил дека Туркије е исклучително важен партнер за Србија, не само на билатерална основа туку и на меѓународната политичка сцена.

Ердоган се интересирал за актуелната ситуација на Косово, а Вучиќ го запознал со хронологијата на настаните што довеле до ескалација на насилството врз српската заедница таму. Тој, исто така, побара од шефот на турската држава да ги искористи угледот и влијанието на неговата земја со цел да се одржат мирот и стабилноста во регионот, се наведува во соопштението.

„Се надевам дека, покрај постојните проекти, заедно ќе работиме и на нови потфати што ќе го забрзаат силниот развој на целиот регион, ќе ги зближат луѓето и ќе ги поврзат економиите“, рече Вучиќ.

Вучиќ го покани Ердоган да ја посети Србија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Долгиот одговор на Ердоган на обидот за воен удар

Следно

Еди Рама: „Силата на Војската на Србија на границата со Косово е еднаква на нула“

Latest from Blog

Џерард: Сега не сакам медал, се помирив и со лизгањето и дека не сум ја освоил Премиер лигата

Легендата на Ливерпул и поранешен капитен на Црвените и на Англија, Стивен Џерард, има интересен став во врска со истрагата за финансиските неправилности на Манчестер сити, во која клубот беше прогласен за

ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од еден од најмоќните луѓе во НАТО: „Ако бидат толку бедни, ќе ги уништиме“

Врховниот командант на НАТО за Европа (SACEUR) во понеделник ја предупреди Русија дека нејзините сили ќе ги уништат „сите“ вклучени во каков било напад ако Москва е „доволно лоша“ за да ја
Go toTop