ВЛАДИМИР ТЕМКОВ СЛАВИ 40 ГОДИНИ ТВОРЕШТВО СО ИЗЛОЖБА ВО ЧИФТЕ АМАМ

May 31, 2023
1 min read

Ретроспективна изложба за 40-годишниот опус на уметникот Владимир Темков ќе се отвори вечерв во 20 часот во Чифте амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ).

Темков е присутен на македонската и тогашната југословенска ликовна сцена од 1980 година, и годинава слави јубилејни 40 години од неговата прва самостојна изложба. Од тој период, па до денес, учествува на изложби во Македонија и тогашна СФРЈ, како и на многу меѓународни изложби, колонии, симпозиуми.

„Со текот на годините тој ги фиксира своите визуелни потраги. Создава сопствена тематска матрица со заеднички обележја и компонирање на елементите во линеарни и хроматски решенија, со кои достигнува занимливо рамниште на експресивност. Иако работи на повеќе тематски и концепциски циклуси, евидентно е проткајувањето на веќе утврден ликовен модус во сите циклуси и негово постојано испреплетување.

Основното тежнеење на Темков е да создава како што чекори, да слика како што дише. Идеал му е природната едноставност, па тој слика во динамичен дух, со слободни и моќни потези, а во исто време кротко и контемплативно, пренесувајќи повеќезначни мисловни пораки“, велат од Галеријата.

Роден е во Кавадарци во 1959, потекнува од работничко семејство. Основно образование завршува во ОУ ,,Страшо Пинџур“ во Кавадарци. Средно уметничко училиште и Педагошка академија завршува во Скопје во класата на професор Ванчо Георгиевски, а факултет за ликовни уметности отсек графика дипломира во класата на проф. д-р. Трајче Блажевски. Магистерски студии, отсек сликарство завршува на Факултет за ликовни уметности, Скопје во класата на проф. Благоја Маневски.

Претседател на Друштво на Ликовни уметници на Кавадарци, како и подпретседател на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. Добитник е на многу домашни и меѓународни признанија од областа на ликовната уметност. Има учествувано на голем број ликовни колонии, симпозиуми, семинари.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МВР ја предупреди јавноста: Не се вознемирувајте!

Следно

Ретроспектива на Владимир Темков во Чифте амам

Latest from Blog

Меџити: Потребите на граѓаните ги претвораме во конкретни проекти

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, во рамки на теренските активности ја посети Поликлиниката „Бит Пазар“, каде разговараше за состојбата и потребите на здравствената установа. Заедно со директорот на Здравствен дом –

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија

3 октомври 2026 година, Скопје– Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Стандард и пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на земјата ББ- со стабилен изглед.  Во најновиот извештај, Aгенцијата оценува дека перспективите за економски

„И Здравје И Работа“: Рударството може да биде мотор на индустриското производство и економскиот раст

Одблокирањето на рударските проекти може да отвори нови можности за инвестиции, вработување и развој на домашната економија Падот на индустриското производство, а особено на активноста во секторот рударство, повторно го отвора прашањето

Општина Битола: ОУ „Гоце Делчев“ доби нови спортски игралишта и осветлување

Нов сјај во центарот на Битола. Светнаа рефлекторите во ОУ „Гоце Делчев“, кое доби нови модерни спортски училишни терени.  Како што веќе информиравме изградени се две повеќенаменски игралишта, едното за мал фудбал
Go toTop