Северна Кореја со неуспешен обид за лансирање шпионски сателит

May 31, 2023
1 min read

ПЕКИНГ (АА) – Севернокорејските сили утринава се обидоа да лансираат сателит во орбитата, но обидот не успеа поради дефект во моторот на ракетата носач, поради што таа падна во морето, пренесува Анадолу.

Севернокорејската новинска агенција КЦНА јави дека воениот извидувачки сателит „Малигионг-1“ бил лансиран од сателитскиот центар „Сохае“ на северот на земјата, но паднал со својата ракета носач во морето на западниот дел на Корејскиот Полуостров.

Во соопштението на Националната аеронаутичка и вселенска администрација (NADA) се вели дека ракетата носач го изгубила забрзувањето бидејќи системот за палење во втората фаза не реагирал навреме.

Поради лансирањето, се огласија сирени во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, и на јапонскиот остров Окинава.

Јужнокорејската војска соопшти дека е откриено дека ракетата паднала на 200 километри од островот Еочеонг.

Јужна Кореја, САД, Јапонија и Обединетите нации го осудија овој обид за лансирање на севернокорејски сателит и го оценија како уште еден провокативен потег на Пјонгјанг.

Тоа беше шести неуспешен обид за лансирање сателит на Северна Кореја од 2016 година.

Администрацијата на Пјонгјанг ги извести Јапонија и Меѓународната поморска организација дека ќе го лансира сателитот некаде во период меѓу 31 мај и 11 јуни.

Советот за безбедност на Обединетите нации ѝ забрани на Северна Кореја да лансира наведувани ракети како дел од санкциите воведени поради нејзината програма за нуклеарно оружје.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

(ВИДЕО) „Микрофонот е ваш“: Ви побарале ли мито во МВР за личен документ?

Следно

Борисов: Го бараат мојот пратенички имунитет за да не се формира влада – не го давам

Latest from Blog

Муртези: Нашата визија е Чаир да стане центар на урбаниот живот и културата

Коалицијата ВЛЕН официјално ја претстави листата на советници за претстојните локални избори на 19 октомври во општина Чаир. Листата не претставува само имиња, туку тим од познати и почитувани луѓе кои се

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир на автомобил и воз во Узбекистан

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници. Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу
Go toTop