Украински дронови нападнаа цели во руските области Краснодар и Белгород, тврдат локалните власти

May 31, 2023
1 min read

Според тврдењата, удар на дрон предизвикал пожар во рафинерија во областа Краснодар, додека во Белгород на самата граница со Украина едно лице било рането во артилериски напад врз градот Шебекино

Еден ден откако Русија ја обвини Украина дека стои зад нападот со дронови врз Москва, гувернерот на руската област Краснодар изјави дека напад со беспилотно летало најверојатно е причината за пожарот што избувнал во нафтената рафинерија „Афипски“ во оваа област, пренесува „Гардијан“.

Илустративна фотографија/Фото: Архива

Пожарот, според гувернерот Вениамин Кодратјев, бил брзо изгаснат и немало жртви.

Рафинеријата „Афипски“ се наоѓа недалеку од црноморското пристаниште Новоросијск, во близина на друга рафинерија која неколкупати беше цел на напади овој месец.

Во меѓувреме и гувернерот на руската област Белгород, во близина на границата со Украина, изјави дека едно лице било рането во артилериски напад врз рускиот град Шебекино. Како и гувернерот на Краснодар, и тој го обвини Киев за нападот.

Руската област Белгород минатата недела беше нападната од диверзантски групи, кои, како што самите тврдат, се составени од руски државјани кои се борат за ослободување на Русија од режимот на Путин.  

Освен тврдењата на Москва дека нападите со беспилотни летала се оркестрирани од властите во Киев, засега нема независно и со сигурност потврдени информации кој стои зад нив.

Истовремено, Москва го зголеми интензитетот на своите ракетни и напади со беспилотни летала врз украинските градови.

Вчера едно лице загина, а четири беа повредени во руските напади со беспилотни летала врз Киев. Ноќеска, пак, според Киев, небото над Украина било релативно тивко.

Официјален Киев, како и во сите претходни случаи, вчера негираше каква било вмешаност во нападот со беспилотно летало врз Москва.

Белата куќа вчера соопшти дека Соединетите Американски Држави не поддржуваат напади внатре во Руската Федерација и дека Вашингтон ги испитува извештаите за нападите со дронови врз Москва.

„Ги видовме вестите и сè уште собираме информации за тоа што се случи. Генерално, не поддржуваме напади внатре во Русија“, рече портпаролот на Белата куќа во соопштението.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Телефонски разговор Ердоган-Столтенберг: Честитки до Ердоган

Следно

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Latest from Blog

Невреме во Грција: Сообраќајот е прекинат на патот Неа Каликратија – Неа Ираклија

Патишта кои водат од Неа Пропонтис до Халкидики, Грција, се затворени поради излевање на поток, предизвикано од поројните дождови во неделата, јави грчката национална телевизија ЕРТ. Сообраќајот е прекинат на патот Неа Каликратија

Светски ден за безбедност при работа

Денеска е Светскиот ден за безбедност при работа, кој е прогласен од Меѓународната организација на трудот (МОТ) во 1996 година. Овој ден се одбележува во 120 земји во светот како Меѓународен ден

Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, Палевски ќе одговора на прашања од Обвинителството

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во 10 часот во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите

Во израелските напади во Газа убиени најмалку 26 Палестинци

АНКАРА (АА) – Најмалку уште 26 Палестинци се убиени денес во непрекинатите израелски воздушни напади врз домови низ Појасот Газа, соопштија локалните медиуми, пренесува Анадолу. Израелските воени авиони рано утрово извршија напад
Go toTop