„Овде не е Москва“ – протести во Софија за оставка на Радев

May 30, 2023
1 min read

Причина за револтот на граѓаните, како шо јавува Вести.бг е вчерашната изјава на Радев дека не е соодветно да им го врачи мандатот за состав на влада на ПП-ДП, но ќе го почитувал Уставот

Поддржувачи на Продолжуваме со промените (ПП) на Кирил Петков попладнево во Софија се собраа на протест пред претседателската вила и побараа оставка бугарскиот претседател Румен Радев, јавуваат бугарските медиуми. Тие му испратиле порака на шефот на државата дека „Овде не е Москва“, дека „Бугарија е со Украина“ и сакаат да бидат дел од Европа, а не повторно да бидат под капата на Советскиот сојуз. Демонстрантите носеле знамиња на Бугарија, Европската Унија и Украина.

На протестот присуствувале и претставници на граѓанското движење „Ботс“ кои собираат потписи за смена на Румен Радев од претседателската функција.

Протестот бил организиран на социјалните мрежи под наслов „Бугарија е парламентарна република и полноправна членка на ЕУ и НАТО“.

Причина за револтот на граѓаните, како шо јавува Вести.бг е вчерашната изјава на Радев дека не е соодветно да им го врачи мандатот за состав на влада на ПП-ДП, но ќе го почитувал Уставот. Тој се повика на претходно протечени аудио записи од состанок на орвите лица на партијата Продолжуваме со промените.

На демонстрантите им се придружиле и копретседавачите на Продолжуваме со промените, Кирил Петков и Асен Василев, кои биле поздравени со аплауз.

„Вистинскиот гарант на демократијата сте вие ​​и ви благодарам што сте тука. Фактот дека во Бугарија постои граѓанско општество кое кога ќе види напад на демократијата, на парламентарната република и ќе го пополни плоштадот е вистинската гаранција дека тоа што успеваме да го промениме останува изменето. Луѓето кои се обидуваат да ги вратат старите системи, старите безбедносни служби кои од утро до вечер работат на правење компромитирачки работи, навистина чувствуваат дека го трошат своето историско време“,

изјавил Петков пред насобраните граѓани.

Бугарија нема пат кон Евроазија и Исток, но ќе биде нормална европска земја, додаде Петков.

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Млад германски фудбалер се бори за живот по тепачка на натпревар

Следно

Борел бара итно продолжување на дијалогот Белград – Приштина: Во Европа веќе има премногу насилство

Latest from Blog

Слепиот послушник и потрчко на Заев сега на услуга на Филипче, Аврамовска Мадиќ ги изготви славните измени на КЗ за спас на криминалците од СДС и ДУИ

Во СДС ништо не е сменето. И покрај смените на хартија на два претседатели, со СДС сè уште владее Зоран Заев. Тоа се гледа и од последниот избор за претседател на СДС,

Шилегов со песната „Во бестрага“ го коментираше новото раководство на СДСМ

Екс градоначалникот на Град Скопје и дел од СДСМ, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави реакција по повод Централниот конгрес на СДСМ каде е избрано ново раководство. Тој ја објави песната
Go toTop