НЕ БЕШЕ ЛЕСНО ДА СЕ ПРЕНЕСАТ МУАБЕТИТЕ НА ЏАРО НА ХАРТИЈА, РЕЧЕ МИЛИЦА ЏАРОВСКА НА ПРОМОЦИЈАТА НА КНИГАТА ЗА ТАТКО Ѝ „ЖИВОТ НА КОЦКА“

May 29, 2023
1 min read

Не беше лесно да се пренесат муабетите на Џаро на хартија, рече новинарката Милица Џаровска на синоќешната промоција на нејзината книга „Џаро – живот на коцка“ што ја напиша за возбудливиот живот на менаџерот Велибор Џаровски-Џаро, нејзиниот татко. Книгата е преведена на македонски јазик во издание на издавачкиот центар „Три“. Напишана е уште пред шест години, но на српски јазик.

„Мене ми е жал што младиве генерации за Џаро го знаат само по превари и местење утакмици. Не ќе да е така, дечки. Овој човек има направено за оваа држава повеќе од многу политичари. Без разлика на сите прикаски што ќе ги прочитате во книгата. Ги донел најголемите балкански ѕвезди, да ја засакаат Македонија толку многу што до ден денес не ја испуштаат во своите интервјуа, муабети, без разлика дали е Здравко Чолиќ, Бора Чорба, Тереза Кесовија, Мишо Ковач“, рече промоторот, актерот Игор Џамбазов.

Џаровска вели дека во книгата се раскажани настани како првата „местенка“, која се случила во семејната куќа во скопската населба Ѓорче Петров каде што живеати денес, и необичната, но успешна соработка со најголемите музички и спортски ѕвезди од поранешна Југославија.

Џамбазов сподели дел од анегдотите од 40-годишното другарство со Џаро. (Фото: К. Попов)

„’Живот на коцка’ ме излечи затоа што ја пишував во време кога се затвори весникот ‘Вест’ во 2016. Одеднаш, после 16 години немав што да правам и среќа што бев зафатена со оваа книга. Не беше лесно да се пренесат муабетите на Џаро на хартија, знае да биде конфузен, да спомне една година на почетокот од приказната, да заврши со друга. Јас немам начин тоа да го проверам затоа што Гугл ги нема податоците за сите тие домови на култура од 1970-те и 1980-те. Па требаше да го препрашувам по неколку пати и знаевме да се скараме, па мајка ми ќе ја прекратеше таа кавга. Она што е најважно е што си реков себеси дека ќе пишувам за еден од моите соговорници, а не за мојот татко, за да ја завршам полесно работата. Не се однесува насловот само на таа коцка која му е пријател цело време, туку на целиот негов бурен живот и неизвесен, кој и сега со неговите 74 години се труди да го негува колку што може. Јас се надевам дека ќе продолжи и понатаму, затоа што поинаку дома ние не сме научени. И ќе ни биде забавно“, рече Џаровска, додавајќи дека има материјал и за продолжение на книгата.

Промоцијата продолжи во весела атмосфера со анегдотите на Џаро од бурниот живот.

Книгата се продава во сите книжарници на „Три“ низ Македонија.

Б. НЕСТОРОСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тухел останува во Баерн

Следно

Вучиќ го обвини Курти за инцидентот во Звечан и ја повика меѓународната заедница да го „вразуми своето чедо“

Latest from Blog

Во престрелката на Бит Пазар загина 31-годишен маж

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 31-годишен маж со иницијали А.С. од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево во близина на Полициската станица во Бит Пазар. Претдходно преку соопштение полицијата

ФФМ донесе одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) донесена е одлука за отпочнување на постапка за проект воспоставување ВАР – Фаза 2 и отпочнување на постапка за проект

31-годишен скопјанец им подлегна на повредите по пукањето на Бит Пазар

31-годишен маж со иницијали А.С. од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево во близина на Полициската станица во Бит Пазар. Според информациите тој им подлегнал на повредите во операционата сала

Реакција од Здружението на општински градежни инспектори на РСМ за непрофесионално и неточно интерпретирање на законските надлежности на општинските градежни инспектори

Здружението на градежни инспектори на Република Северна Македонија, денеска преку соопштение до јавноста се огласи за како што велат „неточното интерпретирање на законските надлежности на општинските градежни инспектори“. Во својата реакција тие
Go toTop