Во жесток руски напад тешко оштетено пристаништето во Одеса

May 29, 2023
1 min read

Само преку пристаништата во регионот Одеса Украина може да извезува житарки и други прехранбени производи како дел од иницијативата за снабдување со жито

Во напад на руски дрон во текот на ноќта е оштетена дел од инфраструктурата во украинското црноморско пристаниште Одеса, што е клучно за извозот на жито, соопшти украинската војска. Како резултат на ударот, избувнал пожар во пристанишната инфраструктура на Одеса кој брзо бил изгаснат. Се собираат информации за степенот на штетата, објави на Фејсбук Јужната команда на војската.

Армијата не прецизираше дали штетата во пристаништето го загрозува извозот на жито. Само преку пристаништата во регионот Одеса Украина може да извезува житарки и други прехранбени производи како дел од иницијативата за снабдување со жито.

Обединетите нации и Турција посредуваа во Црноморскиот договор за жито во јули минатата година, првично договорен за првите 120 дена, за да помогне во решавањето на глобалната криза со храна, влошена со руската инвазија на Украина, еден од водечките светски извозници на жито.

Договорот, кој беше продолжен овој месец, има за цел да гарантира безбеден извоз на жито и храна од трите украински пристаништа – Одеса, Чорноморск и Пивдени. Украинската војска соопшти дека руските сили користеле беспилотни летала „шахед“ од иранско производство во нападот, но не беа објавени детали.

Русија во раните утрински часови започна бран воздушни напади со беспилотни летала и крстосувачки ракети против различни цели, вклучувајќи го и главниот град Киев. Воената администрација на главниот град соопшти дека одбранбените сили собориле повеќе од 40 цели.

Ова е втора ноќ по ред како Русија го напаѓа главниот град на Украина.

На Денот на градот Киев, Украина собори 58 од 59 лансирани беспилотни летала од иранско производство, објави украинската војска, прогласувајќи го за еден од најголемите напади досега.

Фото: EPA-EFE/STR

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голем број светски лидери му ја честитаа изборната победа на турскиот претседател Ердоган

Следно

„Простор за разговор“ во рамки на Националната турнеја во Неготино и Гостивар

Latest from Blog

Муцунски во Вашингтон на покана од Рубио, ќе учествува на конференција за политичкиот тероризам

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре престојува во дводневна работна посета на Вашингтон, каде на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио ќе учествува на министерската

ВЛЕН: Каде завршија 9 милиони евра за канализацијата во Зајас?

ВЛЕН обвини дека проектот за изградба на канализациска мрежа во Зајас, финансиран со средства од Европската Унија, е проследен со сериозни сомнежи за злоупотреби и побара институциите да ја прошират истрагата. На

Берзански подем: МБИ10 се искачи на 9.308 поени, промет од над 12 милиони денари

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 16.07.2026 заврши со пораст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.308,04 поени. Во однос
Go toTop