Голем број светски лидери му ја честитаа изборната победа на турскиот претседател Ердоган

May 29, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Светските лидери на социјалните мрежи му честитаа на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за реизборот на оваа функција, јавува Анадолу.

„Со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата заедничка работа и да се подготвиме за Самитот на НАТО во јули“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Победата, во заедничка изјава, ја честитаа и високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешни односи и безбедносна политика, Жозеп Борел, и комесарот за проширување и соседство на Европската Унија, Оливер Вархеји.

„ЕУ има стратегиски интерес за продолжување на соработката и заемно корисни односи со Туркије и целиот нејзин народ, во стабилна и безбедна средина во источниот Медитеран“, се вели во честитката.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас и премиерот Мохамед Штајех им честитаа на турскиот претседател и на народот на Туркије за „изборната победа“.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф во честитка го опиша Ердоган како „еден од ретките светски лидери чија политика е закотвена во јавната служба“.

Либискиот премиер Абдул Хамид Дбеибех рече дека победата на Ердоган покажува враќање на довербата на народот во неговите успешни проекти и политики.

Италијанската премиерка Џорџија Мелони, исто така, му честиташе на Ердоган за победата, наведувајќи дека заедно нивните две земји можат „да направат повеќе за глобалниот раст и стабилност“.

Холандскиот премиер Марк Руте му честиташе на турскиот претседател, велејќи дека му го посакува на Ердоган „секој успех во годините што следуваат“.

„Се радувам на продолжувањето на зајакнувањето на холандско-турските односи и да работиме заедно како пријатели и сојузници“, напиша тој на Твитер.

Шведскиот премиер Улф Кристерсон, исто така, му честиташе на Ердоган, велејќи дека „заедничката безбедност е иден приоритет“.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва го прослави реизборот на турскиот претседател, посакувајќи му „добар мандат“.

Емирот на Катар шеик Тамим бин Хамад Ал Тани на Твитер напиша:

„Драг мој брат, ти ја честитам победата и ти посакувам успех во новиот мандат и во него да го постигнеш она кон што братскиот турски народ се стреми за напредок и просперитет.“

Унгарската претседателка Каталин Новак, исто така, му честиташе на Ердоган, велејќи дека со нетрпение очекува да работи на зајакнување на нивното билатерално партнерство.

„Стабилноста на Туркије е клучна за Европа и може да игра важна улога во постигнувањето мир во Украина“, додаде таа на Твитер.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, исто така, му честиташе на Ердоган за неговата победа во вториот круг од претседателските избори во неделата.

Грузискиот премиер Иракли Гарибашвили му честиташе на својот „голем пријател“ Ердоган „за неговиот убедлив реизбор за лидер на Туркије“.

„Сакаме дополнително да ги зајакнеме врските на пријателството и стратегиското партнерство“, напиша тој на Твитер.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ердоган: „Победи Туркије, победи нашата демократија“

Следно

Во жесток руски напад тешко оштетено пристаништето во Одеса

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop