„Хабертурк“: По пребројани 90% – Ердоган во водство со 52,7% наспроти Киличдароглу со 47,3%

May 28, 2023
1 min read

Прелиминарните изборни резултати, меѓу останатите, ги објавуваат и две турски новински агенции – Анка и Анадолија, но како што јавува Би-би-си, нивните бројки се различни. Додека агенцијата Анка му дава предност на Кемал Киличдароглу, Анадолија предност му дава на Ердоган во моментот на 42 отсто од преброените гласови

На околу два часа од затворањето на избирачките места во Турција, стигнаа и првите резултати од досега преброените гласови од вториот круг на претседателски избори.

Прелиминарните изборни резултати, меѓу останатите, ги објавуваат и две турски новински агенции – Анка и Анадолија, но како што јавува Би-би-си, нивните бројки се различни.

Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Во моментот на 42 отсто од преброените гласови, агенцијата Анка му дава предност на Кемал Киличдароглу со 50,87 проценти спрема 49,13 проценти за Реџеп Таип Ердоган.

На иститот процент на преброени гласови, Анадолија, пак, предност му дава на Ердоган со 57,09 проценти освоени гласови наспроти 42,91 отсто гласови за Киличдароглу.

Турскиот весник „Хабертурк“, кој во живо ги објавува изборните резултати, јавува дека актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган е во водство пред својот опозициски противкандидат Кемал Килиџдароглу, со освоени 52,6 проценти од досега обработени 91,6 отсто од гласовите.

Килиџдароглу, пак, освоил 47,3 проценти од обработените 91,6 отсто од гласовите.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Врховната изборна комисија на Туркије (ЈСК) ја укина забраната за емитување изборни резултати

Следно

Врховна изборна комисија на Туркије: Претседателот Ердоган води на изборите со 54,47 отсто од гласовите

Latest from Blog

Тудор после Интер: Беше лудо, не знам дали ја заслуживме победата!

Во италијанското дерби полно со пресврти, Јувентус го победи Интер со 4:3 пред своите навивачи. Победничкиот гол беше постигнат во судиското продолжение. Тренерот на Стара дама, Игор Тудор, призна по натпреварот дека

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop