Ердоган гласаше во Истанбул: Изборите нека бидат од корист за целата земја и граѓаните

May 28, 2023
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган гласаше во вториот круг од претседателските избори во таа земја на избирачко место во Истанбул, јавува Анадолу.

Актуелниот претседател Ердоган, кандидат на Народна алијанса предводена од Партијата за правда и развој (АК Партија), гласаше придружуван од неговата сопруга Емине Ердоган на избирачко место во училиште во областа Ускудар во Истанбул.

Ердоган по гласањето за новинарите изјави дека првпат во историјата на турската демократија се одржува втор круг од претседателски избори.

„Се разбира дека нема партии во вториот круг. Има само двајца кандидати и затоа верувам дека денешното гласање ќе биде многу брзо“, рече Ердоган, пофалувајќи ја високата излезност на изборите во Туркије.

„Во светот не постои држава во која излезноста достигнува 90 отсто. Туркије на најдобар начин ја покажа демократската зрелост со излезност до 90 отсто. Верувам дека и денес ќе биде исто така“, изјави тој.

Ердоган изрази желба изборите да бидат од корист за целата земја и граѓаните.

Избирачките места низ Туркије се отворени утрово во 8:00 часот по локално време (7:00 часот по средноевропско време), со што започна гласањето од вториот круг на претседателските избори во оваа земја.

Повеќе од 64 милиони граѓани на Туркије со право на глас во вториот круг избираат меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган, кандидат на Народна алијанса, и Кемал Киличдароглу, кандидат на опозициската Национална алијанса.

Во првиот круг од изборите, одржани на 14 мај, Ердоган освои 49,5 отсто од гласовите, а лидерот на турската опозиција Кемал Киличдароглу собра 44,89 отсто од гласовите. Народна алијанса на Ердоган, предводена од владејачката Партија за правда и развој (АК Партија), освои мнозинство во државниот Парламент во првиот круг.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ЗЛАТНА ПАЛМА ЗА „АНАТОМИЈА НА ПАДОТ“ НА ФРАНЦУСКАТА РЕЖИСЕРКА ЖУСТИН ТРИЕТ

Следно

Четири лица загинаа, а девет се повредени во руските напади во Украина

Latest from Blog

Македонија U18 славеше во Бугарија – Индонезија совладана со 1:0

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години оствари победа од 1:0 против селекцијата на Индонезија на контролниот натпревар одигран во Банско, Бугарија. Стрелец на единствениот погодок беше Иван Танчев, кој уште во првото

Експлозив поставен пред хотел во Драч, полицијата изврши контролирана експлозија

Торба, во која имало експлозивна направа со далечински управувач била оставена во близина на влезот на хотелот, до градската гимназија, предизвикувајќи паника кај граѓаните и туристите во областа. По дојавата, полицијата веднаш

Силен земјотрес ја погоди Колумбија

Колумбија денес беше погодена од земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 13 километри, додека на површината бил најблиску

Ангелов: Ноќеска повторно гореше и во „Дрисла“, состојбата сега е стабилна

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов изјави дека околу 2:30 часот по полноќ добиле дојава дека повторно има горење на депонијата „Дрисла“ и веднаш се упатил таму. -Се гледаа одредени пламени јазици, но
Go toTop