Вучиќ закажа седница на Советот за национална безбедност по тензиите во Косово

May 26, 2023
1 min read

Првиот напад на Срби на северот на Косово и Метохија, Србија нема да седи со скрстени раце, порача Вучиќ на вечерашниот митинг

Советот за национална безбедност на Србија утре ќе одржи седница по повод денешните тензии на северот на Косово во општините со мнозинство српско население.

Како што најавија од Претседателството, седницата ќе се одржи во 9 часот.

Претседателот Александар Вучиќ на вечерашниот митинг во Белград зборуваше за ситуацијата на Косово при што ја најави седницата.

Пред нас, рече тој, е тежок период за прашањето со Косово, веројатно најтежок.

„Ќе се борам за секоја секунда мир, мирот да трае подолго, но првиот напад на Срби на северот на Косово и Метохија, Србија нема да седи со скрстени раце. Сакате да протерувате Срби? Нема да ги протерувате“,

порача Вучиќ.

Тој претходно во текот на денот издаде наредба да се подигне борбената готовност на војската на највисоко ниво.

Тензиите во општините со мнозинско српско население во Косово се случија откако новоизбраните градоначалници на изборите што ги бојкотираа Србите денеска ги презедоа функциите и влегоа во општинските згради. Во судир на косовската полиција со Србите беа повредени десетина лица. Полицијата со возила го блокираше пристапот до зградите, кои граѓаните сакаа да го одбранат, и им помогна на новите градоначалници на Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ да влезат во новите канцеларии.

Постапките на косовските власти наидоа на осуда од меѓународната заедница. Државниот секретар на САД Ентони Блинкен го повика премиерот Албин Курти да го смени курсот и потенцираше дека Косово постапува спротивно на советите од САД и европските партнери. Ваквите постапки, порача тој, ќе се одразат на билатералните односи меѓу Косово и Србија. ЕУ, пак, нагласи дека нема да прифати никакви дополнителни еднострани или провокативни дејствија и порача дека приоритет треба да бидат зачувување на мирот и безбедноста на теренот.

*Други поврзани вести:

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Вучиќ до Македонците кои дојдоа на собирот во Белград: Ви благодарам, Србија секогаш ќе биде ваша мајка

Следно

Спасеновски: Бугарија води политика на конфронтирање кон Македонија, и со промена на Уставот нема да запрат барањата

Latest from Blog

Ограбен домот на поранешниот претседател на УЕФА

Домот на некогашниот прв човек на УЕФА, Мишел Платини бил ограбен утрово во градот Касиса. Според тв-станицата РТЛ, поранешниот играч од средниот ред на Јувентус и  репрезентативец на Франција се разбудил во

Министерот Ристовски им посакаа успешен настап во мундијалските квалификации на македонските кошаркари

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска ја посети репрезентативната база на македонските кошаркари во Гевгелија, посакувајќи им успешен настап во претстојните квалификации за пласман на Светскиот куп 2027. Македонските кошаркарски репрезентативци во

Филипче вели дека е несериозен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ даден на прес конференција: Резолуцијата со Бугарија за идентитетот треба да биде даден во Собрание

Претседателот на СДСМ Венко Филипче одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет,

Познати сите четвртфиналисти на СП во ватерполо

Црногорските и грчките ватерполисти се пласираа денеска во четвртфиналето на Светското првенство, кое се одржува во Сингапур. Грција го победи Бразил со 17-5 во осминафиналето, додека Црна Гора избори место меѓу осумте
Go toTop