Се огласи семејството на детето што го изврши масакрот во „Рибникар“: Тој 3 мај завладеа вечна тишина, секоја загуба е и наша

May 25, 2023
1 min read

Длабоко и најискрено жалиме и упатуваме сочувство до секое семејство поради загубата, а секоја од нив е и наша загуба, вели семејството во објавеното писмено соопштение

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Семејството на 13-годишниот Коста К., кој го изврши масакрот во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград – уби 10 лица и рани петмина, по повеќе од 20 дена по првпат се огласи во јавноста и изрази сочувство.

„Тој 3 мај завладеа вечна тишина во која немо од неизлечивите болка и тага секојдневно лелекаме за секое невино дете кое настрада и за Драган (убиениот чувар), кој ги чуваше децата со толку многу љубов. Длабоко и најискрено жалиме и упатуваме сочувство до секое семејство поради загубата, а секоја од нив е и наша загуба. Вечно во тага“,

пишува во соопштението од семејството кое до јавноста го пренесе адвокатската канцеларија што ги застапува.

Нивниот син, Коста К., е ученик во седмо одделение во белградското училиште на Врачар. На 3 мај со оружјето на својот татко уби осум ученици и чуварот Драган, а рани уште шест деца во училиштето. Едно од ранетите девојчиња на 15 мај им подлегна на повредите.

Државниот секретар во Министерството за здравство на Србија, Мирсад Џерлек, претходно денеска изјави дека едно од ранетите момчиња кое е во тешка состојба поради повреди на вратот и ‘рбетот лекувањето најверојатно ќе го продолжи во Чикаго, САД.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Русија со протест до Германија, Данска и Шведска поради експлозиите на гасоводот „Северен тек“

Следно

Јувентус нема да го продолжи договорот со Ди Марија, променета стратегијата на клубот

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО наместо правда, служело за политички потреби на СДС

Ништо ново на политичката сцена кога е СДС во прашање, само информации за трошење пари на граѓаните, расипништво, непочитување на законите и Уставот, вели ВМРО-ДПМНЕ. „Што е деновиве актуелно од расипништвото на

РУСИЈА РАСПОРЕДУВА ВОЈНИЦИ НА ФИНСКАТА ГРАНИЦА

Финска, членка на НАТО, е еден вид сеизмограф за воените планови на Москва кон Западот, а најновите настани во близина на границата на двете земји предизвикуваат загриженост. Границата долга повеќе од 1.300

Времен сообраќаен режим во Чаир поради градежни работи

Поради изведување градежни активности за изградба на улицата „Лазар Трпевски“ (улица „Ферид Мурат“), од денеска ќе биде воведен времен изменет режим на сообраќај во Општина Чаир. Како што информираат од ГД „Гранит“

Венецуелскиот опозициски лидер ослободен од притвор по осум месеци

Гуанипа, еден од најблиските соработници на опозициската лидерка Марија Корина Мачадо, беше во притвор во главниот град Каракас. „Денес сме ослободени. Има многу да се зборува за сегашноста и иднината на Венецуела,

Минчев: Крај на партизацијата, законот за висока раководна служба воведува мерит-систем

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во Дневникот на Сител телевизија, појасни дека станува збор за
Go toTop