Австрија ќе ја претвори куќата во која е роден Хитлер во центар за обука за човекови права

May 25, 2023
1 min read

Реновирањето на објектот и неговата преобразба во полициска станица треба да започне оваа есен и да заврши во 2025 година. Се проценува дека пренамената ќе чини 20 милиони евра

Родната куќа на Адолф Хитлер во австрискиот град Браунау на Ин ќе биде полициска станица и образовен центар каде што идните австриски полицајци ќе бидат подучувани на темата на човековите права, објавија денеска австриските и германските медиуми.

„Уривање или музеј не доаѓа предвид. Полициска станица и едукативен центар за полициски службеници е соодветна намена која ја задоволува моралната, политичката и правната димензија на ова место“,

вели историчарот Оливер Ратколб од експертската комисија која се занимаваше со прашањето за намената на зградата во која во 1889 година бил роден идниот германски диктатор Адолф Хитлер.

Адолф Хитлер живеел таму со семејството само неколку месеци по неговото раѓање. Зградата во центарот на Браунау на Ин, која се наоѓа веднаш на границата со Германија, е во сопственост на државата од 2017 година.

Куќата му била одземена на претходниот сопственик по неколку обиди да ја откупи зградата, но безуспешно. Национализацијата на зградата, беше најавено тогаш, треба да спречи зградата да стане место за собирање на неонацистите.

Со години во зградата беше сместен социјален центар за лица со посебни потреби. Поранешниот сопственик на крајот од судскиот процес се задоволил со откупната цена од 1,5 милиони евра.

Реновирањето на објектот и неговата преобразба во полициска станица треба да започне оваа есен и да заврши во 2025 година. Се проценува дека пренамената ќе чини 20 милиони евра. Комисијата го образложи драстичното зголемување на цената од првично проценетите пет милиони до поскапувањето на градежништвото по пандемијата како и дополнителните градежни интервенции што ги бара полициската станица.

Фото: EPA/CHRISTIAN BRUNA

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД ја одобрија продажбата на системот за воздушна одбрана за Украина во вредност од 285 милиони долари

Следно

Иниеста повторно во дресот на Барселона?

Latest from Blog

Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата откако го продолжи договорот со Арсенал

Микел Артета стана најплатениот менаџер во Премиер лигата откако го продолжи договорот со Арсенал. Договорот на 44-годишниот Шпанец е со важност до 2030 година, а според новиот договор, тој ќе заработува приближно 20

7,89 милиони денари промет на Македонската берза: МБИ10 порасна за 0,58 отсто

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 07.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.048,96 поени. Во однос

Македонија има рударски кадри, но каде ќе работат? Иловица е еден од проектите што може да отвори нови можности

Македонија има рударски кадри, но каде ќе работат? Иловица е еден од проектите што може да отвори нови можности Во светот повторно расте интересот за рударството. САД проценуваат дека во следната деценија
Go toTop