Турски „музеј на мраз“: Уникатна прошетка на минус пет степени

May 25, 2023
1 min read

ЕРЗУРУМ (АА) – Турскиот „музеј на мраз“ Ата во источната област Ерзурум, еден од најважните центри на зимски туризам во земјата, во текот на цела година го посетуваат локални и странски туристи што уживаат во скулптури од мраз на минус пет степени Целзиусови, јавува Анадолу.

Музејот, единствен од ваков вид во Туркије, е основан во соработка со Универзитетот Ататурк и Агенцијата за развој за североисточна Анадолија (КУДАКА).

Отворен е во 2020 година на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот Ататурк во Ерзурум, еден од градовите каде што зимската сезона е сурова.

Музејот, кој содржи скулптури од мраз осветлени со специјални системи, ги носи посетителите облечени во капути, поради студот, на патување низ скулптурите.

Од неговото отворање досега го посетиле 100.000 луѓе.

Мустафа Булат, декан на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот Ататурк, рече дека музејот е отворен за посетители во 2020 година со скулптури од мраз, самостојни и групни изложби.

„Од мраз правиме уметнички дела. Ерзурум е центар на зимскиот туризам. Температурата во музејот е минус пет степени Целзиусови и во лето и во зима“, рече Булат.

Како што рече, музејот најмногу им се допаѓа на посетителите од Украина, Азербејџан и Европа.

„Илјадници луѓе доаѓаат од сите делови на Туркије“, додаде Булат.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Миовски: Предвреме ја завршив сезоната, но добра вест е тоа што…

Следно

Украина одбила масовен воздушен напад со дронови

Latest from Blog

Кремљ: САД не сакаат економска соработка пред договорот со Украина, жалиме за тоа

Во своето редовно обраќање до медиумите, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека специјалниот претседателски претставник Кирил Дмитриев сè уште разговара со американските претставници за економски прашања. „За жал за нас,

МЕПСО реконструира осум трафостаници: На ред е и ТС Скопје 4 во Пинтија

МЕПСО започнува со целосна реконструкција и енергетска модернизација на осум трафостаници, меѓу кои и ТС Скопје 4 во Пинтија. Како што информираат од компанијата, по пет децении од изградбата на командната зграда

Седум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп

Во тој „пакет“ беа вклучени околу 810 милиони долари што Белата куќа се обиде да ги укине пред крајот на фискалната година. Минатата недела, Трамп се обиде еднострано да ги задржи средствата
Go toTop