Шефот на „Вагнер“ тврди дека 10 000 затвореници што тој ги регрутирал загинале во Украина 

May 24, 2023
1 min read

Минатата година Пригожин ги обиколи руските затвори во обид да ги убеди затворениците да се борат за „Вагнер“ во Украина, во замена ветувајќи амнестија по нивното враќање доколку преживеат

Водачот на руската платеничка милитантна група „Вагнер“, Евгениј Пригожин, изјави дека на бојното поле биле убиени околу 10 000 затвореници што тој ги регрутирал да се борат во Украина. 

Водачот на платеничката група „Вагнер“, Евгениј Пригожин/Фото: Архива

„Зедов 50 000 затвореници, од кои околу 20 отсто беа убиени“,

изјави Пригожин во видеоинтервју објавено вчера доцна вечерта, пренесува регионалниот сервис на РСЕ.  

Минатата година Пригожин ги обиколи руските затвори во обид да ги убеди затворениците да се борат за „Вагнер“ во Украина, во замена ветувајќи амнестија по нивното враќање доколку преживеат. 

Се верува дека осудениците биле користени како топовско месо во Украина, што претставува најголемиот дел од загубите на „Вагнер“.  

Шефот на платеничката група вели дека сличен е процентот на убиени и меѓу оние кои потпишале договор со платеничката група, но не наведе прецизна бројка.  

И платеничката единица и редовните руски трупи изминатиот викенд објавија дека по неколкумесечните борби градот Бахмут паднал во руски раце, но Киев веднаш ги негираше ваквите тврдења, наведувајќи дека украинските сили продолжуваат да се борат во овој град на истокот на земјата. 

Инаку, Пригожин остро го критикуваше руското воено раководство, обвинувајќи го дека е одговорно за огромните загуби. Тој ги обвини рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот, Валериј Герасимов, дека се неспособни и одговорни за бројот на жртвите. 

 „Сега има десетици илјади убиени. Веројатно ќе има стотици илјади. Не можеме да се сокриеме од ова“,

рече Пригожин.

Тој ја повика руската воена елита да ги испрати своите деца на фронтот. 

Пригожин, кој е бизнисмен близок до рускиот претседател Владимир Путин, ја критикуваше руската елита, велејќи дека нивните деца живеат удобно додека мажите од сиромашните региони умираат во Украина. 

Пригожин рече дека неговите борци ќе се повлечат од уништениот град до 1 јуни и ќе ја предадат контролата на руската армија. 

На почетокот на мај, Белата куќа објави дека повеќе од 20 000 руски војници биле убиени, а уште 80 000 биле ранети во петмесечните борби во Источна Украина, особено во Бахмут. 

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Шефот на „Вагнер“ тврди дека 10 000 затворениците што тој ги регрутирал загинале во Украина 

Следно

За својата иднина во Рома, Мурињо ќе одлучува по финалето на Лига Европа

Latest from Blog

Средба со директорот за статистика  на ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката

Директорот за статистика на ММФ, Алберт Крусе, искажа задоволство од натамошниот напредок на Народната банка во областа на статистиката, со позитивна оцена за квалитетот, обемот и навременоста на објавените податоци, коишто се

Самостојна изложба на уметничка фотографија на Глигор Максимовски во Белград

Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – МОТУС од Куманово заедно со својот Фото Клуб „МОТУС“ во период од 29 април (вторник) 2025, во просториите на Атеље и Галерија

,,Ние заслужуваме одговори“- Семејствата на настраданите од Кочани утре на протестен марш во Скопје

Семејствата на настраданите во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во вторник ќе организираат ,,Марш за ангелите” во Скопје со почеток во 12 часот и 05 минути како симболика за задоцнета реакција. Според

Демократската партија на Албанија за лобирање ќе плати шест милиони долари на американска компанија

Опозициската Демократска партија на Албанија потпиша договор за лобирање вреден шест милиони долари со американската компанија Continental Strategy, која ја водат луѓе блиски до претседателот Доналд Трамп, објавија албанските медиуми. Договорот, кој

Писториус: Предлогот на Трамп за Украина е еднаков на капитулација

Украина не треба да се согласи на најновиот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп да отстапи големи територии во замена за прекин на огнот со Русија, бидејќи тоа би било „капитулација“, изјави
Go toTop