Ангелов до Гаревски: Ако не сте сигурен дека мостот е безбеден, не ги охрабрувајте граѓаните да поминуваат

May 24, 2023
1 min read

Стојанче Ангелов од Центарот за управување со кризи испрати порака до професорот Михаил Гаревски, кој кажал дека мостот „Беласица“ со одредени санации може да биде безбеден за сообраќај.

-Почитуван професоре Гаревски, Градот Скопје, од кој сте ангажирани да ја процените штетата на опожарениот мост „Беласица“, веднаш после пожарот изрече забрана за движење на возила и пешаци по овој мост. Сè додека забраната не биде тргната по мостот не смеат да се движат ниту возила, ниту пешаци.

Доколку вие, како неспорно стручно лице од оваа област, врз основа на вашите досегашни испитувања на штетата на мостот сметате дека мостот е безбеден за пешаци, молам, во согласност со пропишаните процедури, веднаш известете го градот Скопје да ја тргне изречената забрана и со тоа да им се олесни животот на граѓаните кои го користат овој мост. Доколку не сте сигурни дека мостот е безбеден, ве молам не ги охрабрувајте граѓаните да минуваат по него, напиша Ангелов на фејсбук.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Самоубиствен напад во Пакистан, четворица загинати

Следно

Роналдо: Лигата на Саудиска Арабија ќе влезе во топ 5 во светот

Latest from Blog

МЕПСО реконструира осум трафостаници: На ред е и ТС Скопје 4 во Пинтија

МЕПСО започнува со целосна реконструкција и енергетска модернизација на осум трафостаници, меѓу кои и ТС Скопје 4 во Пинтија. Како што информираат од компанијата, по пет децении од изградбата на командната зграда

Седум американски сојузни држави поднесоа тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп

Во тој „пакет“ беа вклучени околу 810 милиони долари што Белата куќа се обиде да ги укине пред крајот на фискалната година. Минатата недела, Трамп се обиде еднострано да ги задржи средствата

Михаил Пановски до Левица: „Божиновска не одлучува за цената на струјата и не управува со ЕСМ“

Поранешниот пратеник Михаил Пановски реагираше на денешната прес-конференција на Левица, на која партијата ја критикуваше министерката за енергетика Сања Божиновска. Според Пановски, дел од критиките се однесуваат на прашања што не се
Go toTop