Белгиец добил сметка за струја од 1,3 милиони евра

May 24, 2023
1 min read

БРИСЕЛ (АА) – Електростопанството на Белгија по грешка на едно домаќинство во градот Херсеаукс му доставило сметка за струја во висина од 1,3 милиони евра, пренесува Анадолу.

Локалните медиуми информираат дека станува збор за сметка за струја од 1.279.611 евра.

„Кога го отворив пликот и ја видов сметката, помислив дека халуцинирам. Морав сметката да ја прочитам трипати“, рече Белгиецот кој ја доби спорната сметка.

Истакнувајќи дека веднаш се јавил во компанијата за енергетика „Енгие“, Белгиецот рекол дека некое време не можел да добие информации, но подоцна било утврдено дека таква сметка му е пратена поради грешка во системот.

Погрешната фактура е исправена набргу потоа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Израел: Иран прави значителен прогрес во програмата за збогатување на ураниумот

Следно

Лидерска средба во Грција: Договорена службена влада која ќе организира нови избори на 25 јуни

Latest from Blog

Трипуновски: Секој кој има штета ќе биде обештетен

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски присуствуваше на прес-конференција на Управувачкиот комитет за справување со кризи кој во проширен состав заседаваше во МВР. Во регионот каде што е пожарот во

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги
Go toTop