Лидерска средба во Грција: Договорена службена влада која ќе организира нови избори на 25 јуни

May 24, 2023
1 min read

Претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу најави дека мандатот за формирање влада ќе му го довери на претседателот на Судот на ревизори, Јоанис Сармас

Претседаттелите на партиите кои успеаја да освојат пратенички места во грчкиот парламент на изборите кои што се одржаа минатата недела, денеска седнаа на заедничка маса во Претседателската палата во Атина. Како што беше очекувано, средбата заврши без да се постигне договор, а Грција ќе добие привремена, службена влада што ќе има една единствена цел, да ја одведе земјата на избори на 25 јуни, јави МИА.

На покана на претседателката Катерина Сакеларопулу, согласно уставните одредби, на иста маса седнаа лидерите на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, на Сириза Алексис Ципрас, на ПАСОК- Движење на промена Никос Андрулакис, на Грчко решение Кирјакос Велопулос, како и генералниот секретар на Комунистичката партија Димитрис Куцубас.

„Лидерите на партиите на средбата ја потврдија неможноста да се формира влада која ќе има довербата од парламентот. Лидерите на партиите ја отфрлија и можноста за формирање влада од сите партии во парламентот за одржување избори“,

соопштија од кабинетот на грчката претседателка.

По ова, додаваат, дека претседателката најавила дека мандатот за формирање влада ќе му го довери на претседателот на Судот на ревизори, Јоанис Сармас.

Лидерската средба, со оглед на тоа дека беше формална, а не суштинска, траеше кусо, само половина час, а претседателите на партиите си заминаа без да дадат изјави.

На состанокот во Претседателската палата му претходеше циклусот на доделување на мандатите на првите три партии, процес што заврши вчера попладне.

Извор: 360stepeni.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Белгиец добил сметка за струја од 1,3 милиони евра

Следно

Ковачевски од панелот во Охрид: Македонскиот јазик го заштитивме, обезбедувајки го неговиот континуитет

Latest from Blog

Неделен промет од 54,8 милиони денари – блок трансакција со УНИ Банка ја одбележа берзата

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во неделниот извештај за периодот 27.04.2026–30.04.2026 година вкупниот промет на сите пазари изнесува 54.887.415 денари. Ликвидноста на ниво

УНИ Банка перпетуални обврзници (UNIPO2), Македонски Телеком (TEL) и Алкалоид (ALK) со најголем неделен промет

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во неделниот извештај за периодот 27.04.2026–30.04.2026 година вкупниот промет на сите пазари изнесува 54.887.415 денари. Ликвидноста на ниво
Go toTop