Фудбалерот на Пауло Дибала не се рехабилитира од повредата како што се очекуваше, и останува целосно неизвесен за финалето од Лигата на Европа против Севилја, објавија италијанските медиуми.
Аргентинецот од трибините го следеше настапот на својот тим кој ремизираше со Салернитана 2:2. Според „Скај Спорт“, Дибала ќе го пропушти и натпреварот против Фиорентина во Серија „А“, а медицинскиот персонал прави напори да го оспособи за финалето на 31. мај.
Жозе Мурњо е песимист, и кажа дека не е убеден дека ќе смета на Дибала. Но, сите сметаат дека тоа е некоја тактичка игра на Португалецот.
„Не се опоравува добро со повредата, и песимист сум дека може да игра во финалето на 31. мај“, рече Мурињо после вчерашниот меч со Салернитана.
ИЗВОР: kurir.mk