Вучиќ: Го посетив училиштето во кое се случи пукањето, навечер плачев

May 23, 2023
1 min read

Го посетив училиштето, но немам потреба никому да се извинувам. Денеска не носев камери со себе, ме видоа без камера. Имаше луѓе од обезбедувањето, беше директорот на училиштето, неколку наставници. Се потпишав во книгата на жалост, го обиколив местото на злосторството, Страшно е, страшна трагедија, рече Вучиќ вечерва во Дневникот на РТС

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Дневникот на РТС изјави дека ќе бара најстрога казна за оние кои извршиле масовни убиства, но и за оние кои ги вооружиле и им помогнале. Вучиќ денеска ги посети семејствата на жртвите од масовните престрелки во селата Дубона и Мало Орашје. Тој раскажа како разговарал со родителите кои изгубиле и син и ќерка.

„Го посетив училиштето, но немам потреба никому да се извинувам. Денеска не носев камери со себе, ме видоа без камера. Имаше луѓе од обезбедувањето, беше директорот на училиштето, неколку наставници. Се потпишав во книгата на жалост, го обиколив местото на злосторството, Страшно е, страшна трагедија“,

рекол тој, пренесува Телеграф.

Ги разбирам родителите

„Но, не треба да се правдам пред некој што мисли дека има монопол на болката и тагата. Ниту да му објаснувам на некого дека сум нормален човек затоа што имам три деца и дека ноќе плачев и се борев да донесеме мерки и да промениме нешто“,

додаде Вучиќ.

Тој нагласи дека на секого поединечно му изразува сочувство и дека секој ден дискутира што може да се направи.

Зборувајќи за потенцијалното затворање на училиштето „Владимир Рибникар“, Вучиќ тврди дека некои родители ја поддржуваат таквата идеја, но дека некои родители и деца се против.

„Мнозинството не мисли така, но што и да кажат родителите, ние сме подготвени да го направиме тоа. Бев шокиран, ги разбирам родителите кои бараат нивните деца да не одат таму. Тоа не ми излегува од памет“,

додаде тој.

Училиштето мора да продолжи

Сепак, тој повтори дека верува оти децата мора да одат на училиште.

„Децата мора да продолжат да живеат. Децата понекогаш полесно го поминуваат тоа од возрасните. За ова одлучуваат експерти, а не јас. Што велат тие, експертите и родителите, ние ќе го направиме”,

рече Вучиќ.

Тој заклучи дека мора да размислат што понатаму.

„Училиштето мора да продолжи, на ова или на друго место, кажете и ние ќе го направиме тоа. За нас е важно што започнавме голема кампања за одземање оружје“,

нагласи српскиот претседател.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Орбан: Шведска прво треба да ги подобри односите со Унгарија, а потоа да влезе во НАТО

Следно

Ѓорчев: Власта треба да понесе одговорност кон граѓаните, таа влезе неподготвена во дијалогот со Бугарија и со тоа ги направи најкатастрофалните грешки

Latest from Blog

Милионер кој троши богатство за да живее вечно, со предупредување: Избегнувајте го попладневното кафе (ВИДЕО)

Џонсон, чии методи за продолжување на животот досега вклучуваа бизарни практики како што се трансфузија на крв од сопствениот син, овој пат се осврна на научна студија која открива кога е идеално

Турција издаде налог за апсење на Нетанјаху поради геноцидот во Газа

Турското судство денес издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неколку израелски функционери, наводно за злосторства против човештвото и геноцид. Според Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул, налозите за

Избрани нови членови на Македонската академија на науките и уметностите

На 21-то Изборно собрание на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), што се одржа денеска се избрани двајца редовни членови, осум дописни членови, четири членови надвор од работниот состав и двајца
Go toTop