УТРЕ ПОЧНУВА „МАЛИОТ БИТОЛСКИ МОНМАРТР“, НАЈМНОГУ ПАРИ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА ДАДЕ МИЛЕН ВРАБЕВСКИ, ГЛАВЕН ФИНАНСИЕР НА БУГАРСКИТЕ КЛУБОВИ

May 22, 2023
1 min read

Утре во 19 часот, на платото Монмартр во срцето на старата битолска чаршија ќе се одбележат 55 години од основањето на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола. Со церемонија на свечено отворање ќе започнат двете најголеми светски детски манифестации- 42.издание на детската ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ и 41.Светска детска ликовна илзожба „Битола“.

За двете манифестации студиото доби 9.000 евра од домашни институции и тоа 4.000 од Министерство за култура и 5.000 од Општина Битола. Додека Милен Врабевски од Бугарија кој е член на Меѓународниот управен одбор на „Малиот битолски Монмартр“ и претседател на комисијата за развојни програми со ЕУ и УНЕСКО донираше 17. 500 евра за двете манифестации. Покрај ова, тој е и основач на Фондацијата „Бугарско сеќавање“ и е познат како финансиер на бугарските клубови во Битола и Охрид.

Од Детското ликовно студио во Битола на прашањето зошто беше неопходна поддршката од него, ни одговорија дека без неа немаше да се одржат манифестациите зашто само на име хотелско сметување на база полн пансион за седумдневната колонија имаат најавен трошок околу 2О.ООО евра за 12О гости.

Во изминатиот пеирод од студиото се пожалија дека Министерството за образование и наука (МОН) им го откажа финансирањето, а помошта од Министерството за култура ја нарекоа оскудна, иако од таму тврдеа дека е најголема до сега. Детското ликовно студио во изминатиот период имаше и интензивна соработка со Бугарија. Лани беше оставрена посета на детските ликовни творци од Македонија во Бугарија во рамки на проектот „Од двете страни на границата“ финансиран од Фондацијата „Бугарско сеќавање. Учествуваа 10 деца од Македонија и уште толку од Бугарија во камп за филнатропија, детска ликовна изложба во Народното собрание во Бугарија и посета на знамениотости, меѓу кои Рилскиот манастир, доворецот и музеј-парк Врана каде имаа средба и со бугарскиот цар Симеон Втори.

Варбевски донираше и 6.000 евра за наградена членка на студиото заедно со нејзините професори да може да отпатува и да ја подигне наградата на 3 јуни годинава од Троик Франција, стекната на конкурсот на Светскиотинститутза младинскауметност- Центар на УНЕСКО. За таа цел и претседателот на државата Пендаровски донираше 600 евра.

На „Монмартр“ годинава ќе присуствуваат 20 делегации со над 120 учесници од Кина, Индија, Романија, Полска, Словачка, Израел, Турција, Бугарија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Македонија и други.

„Учесниците имаат обемна програма. Оваа година за прв пат за време на колонијата Ш 23 – 30 мај 2023 година ќе се отворат две изложби на ликовни дела од ‘Малиот битолски Монмартр’низ годините’ и тоа во Генералниот конзулат на Грција и Генералниот конзулат на Бугарија во Битола. Пет дена ќе се слика староградска и урбана архитектура во Битола а ќе се реализираат и традиционалната посета на Охрид и манастирот Свети Јован Бигорски“, најавија организаторите.

Годишната колонијата е резултат од светскиот детски ликовен конкурс на кој пристигнаа околу 44.ООО детски ликовни дела од над 65О државни и приватни школи од 71 држава создадени од над 4О.ООО млади ликовни уметници и талентирани ученици.

Ж. ЗДРАВКОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Анчелоти: Ла Лига има проблеми со расизмот

Следно

Непрофитни болници во пандемијата направија вагон пари

Latest from Blog

Стармер: Примирјето во Украина мора да биде прифатливо за сите, Крим не смее да биде дел од отстапките

Британскиот премиер, Кир Стармер, изјави дека Украина мора да има целосна автономија во одлучувањето за условите на мировниот договор со Русија, отфрлајќи го предлогот на американскиот претседател, Доналд Трамп, за признавање на

Најмногу дожд во Крушево и Маврови Анови, времето денеска променливо облачно и нестабилно

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 26 литри, и во Маврови Анови, 23 литри на квадратен метар, информира УХМР. Според мерењата до 8 часот утрово, во изминатото деноноќие 14

Стотици студенти на францускиот „Сајанс По“ на протест за поддршка на Палестина

СКОПЈЕ (АА) – Стотици студенти на Универзитетот „Сајенс По“ во Париз, Франција, организираа протест, окупирајќи делови од главниот кампус на универзитетот во знак на револт поради врските на институцијата со израелските академски

Во која земја е најевтино, а во која најскапо горивото? Литар бензин во оваа држава чини само 1,7 денари

Во април 2025 година, цените на горивата значително варираат низ целиот свет, како одраз на економските, политичките и географските специфичности на одделни земји. На врвот на листата на најскапо гориво е Хонг

За излегување на АА од Владата одлучува премиерот, во Собранието нема нова распределба на пратеници

Актуелниот министер за здравство и лидер на крило на АА Арбен Таравари, смета дека во партиите партнери во коалицијата Вреди има емотивни реакции по неговата одлука АА на локалните избори да има
Go toTop