Турски МИТ на северот на Ирак неутрализира терорист на ПКК/КЏК одговорен за комуникациите

May 22, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Националната разузнавачка служба на Туркије (МИТ) во северниот дел на Ирак го неутрализира терористот на ПКК/КЏК, Емре Шахин, т.н. одговорен за комуникации во терористичките структури, јавува Анадолу.

Неутрализираниот терорист го користел кодното име „Роди“, а неутрализиран е во регионот Гара, во северен Ирак.

Според податоците на безбедносните извори, терористот Шахин развивал програми за шифрирана комуникација во рамките на терористичките структури. Откако оперативните активности на МИТ утврдиле дека тој го преминал ирачкиот регион Гара, била спроведена операција со која е неутрализиран заедно со неговата придружба.

Истиот извор наведе дека оваа операција ѝ нанела силен удар на комуникациската инфраструктура на терористичката организација.

– Развивал програми за шифрирана комуникација –

Терористот Шахин, како што е утврдено, се приклучил на таканаречените рурални структури на терористичката организација ПКК/КЏК во 2014 година.

По учеството во терористичките активности во Ширнак, Туркије, Шахин се преселил во Ирак во 2019 година, каде што работел на изработка на експлозивни направи.

Од 2020 година, тој бил задолжен за развој на програми и методи за шифрирана комуникација меѓу терористите и ја предводел таканаречената хакерска група.

– Терористичката организација ПКК –

ПКК е сепаратистичка организација која е ставена на листата терористички организации од страна на Туркије, Европската Унија и САД.

За време на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК се одговорни за смртта на најмалку 40.000 луѓе.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Неверојатни емоции во Франција: Пред мечот дозна за смртта на неговата мајка, па одигра 90 минути со солзи во очите

Следно

Грција: Нова демократија на Мицотакис со убедлива победа на изборите

Latest from Blog

Војна во Ла Лига: Атлетико Мадрид ги “промовираше“ Јамал, Педри и Рафиња!(ФОТО)

ФОТО:facebook.com/fcbarcelona/ Во Атлетико Мадрид се гневни поради гласините што го поврзуваат ѕвездениот играч на тимот, Хулијан Алварез, со трансфер во Барселона. „Јорганџиите“ веќе уверија дека шпекулациите не се точни, а сега отидоа

Службеник на ЦИА обвинет за кражба на злато во вредност од 40 милиони долари

Судијата го одложи неговото прво појавување пред суд до следната недела, објавува „Гардијан“. Дејвид Раш, поранешен извршен службеник во Централната разузнавачка агенција (ЦИА), наводно зел 303 златни прачки, секоја со тежина од
Go toTop