Реал Сосиедад прв пат победи на „Камп Ноу“ по пауза од 32 години

May 21, 2023
1 min read

Фудбалерите на Барселона го прославија синоќа освојувањето на шампионската титула во шпанското првенство со пораз на домашен терен (1-2) од Реал Сосиедад што за каталонскиот клуб беше само четврти натпревар сезонава без освоен бод во Ла Лига.

Баскискиот клуб до својот прв триумф на „Камп Ноу“ во последните 32 години дојде со головите на Мерино (5 минута) и Сориот (72), додека стрелец за Барселона беше Левандовски (90).

Реал Сосиедад со победата се зацврсти на табелата на четвртото место, кое последно обезбедува настап следната сезона во Лигата на шампиони.

На три кола до крајот на шпанското првенство Реал Сосиедад има 65 бодови, пет повеќе од Виљареал на петтото место.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Зеленски: Бахмут не е под окупација на Русија

Следно

Центарот за култура „Ацо Шопов“ од Штип во годината на двоен јубилеј доби помалку пари за активностите

Latest from Blog

Малолетници повредени откако 21-годишник од скопско Миладиновци удрил во нив со „Мерцедес“

На 24.04.2025 околу 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„10“ во с.Миладиновци, скопско, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(21) од с.Миладиновци, удрило во двајца малолетници

Излезе од печат најновата хаику збирка „Микроскоп, телескоп, стетоскоп“ од Васко Марковски

Деновиве излезе од печат најновата хаику збирка „Микроскоп, телескоп, стетоскоп“ од Васко Марковски. „Последниве две децении канонизираниот лирски вид хаику доживува силен интерес меѓу македонските писатели, а меѓу нив особено се истакнува

Платите за вработените во приватниот сектор треба да достигнат од 50.000 до 60.000 денари

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) бара итно зголемување на платите во приватниот сектор, нагласувајќи дека ниските примања претставуваат сериозна пречка за економскиот напредок на земјата. Потпретседателот на ССМ за приватниот сектор,
Go toTop