Излезноста на парламентарните избори во Грција до 13:30 часот е 31,52 отсто

May 21, 2023
1 min read

Оваа година, првпат во Грција се соопштуваат податоци за излезноста додека е во тек гласањето на граѓаните

Во 80 отсто од гласачките места во цела Грција, до 13:30 часот, излезноста на парламентарните избори е 31,52 отсто согласно официјалните податоци од Министерството за внатрешни работи на Грција надлежно за изборниот процес, јавува дописникот на МИА од Атина.

Генералниот секретар во Министерството, Михалис Ставрианудакис, соопштувајќи ги податоците рече дека излезноста е од 16 520 гласачки места, односно 80 отсто од вкупниот број.

Оваа година, првпат во Грција се соопштуваат податоци за излезноста додека е во тек гласањето на граѓаните.

Следните податоци ќе бидат соопштени околу 17 часот.

Првите официјални резултати од денешните избори, Министерството за внатрешни работи се очекува да ги објави околу 21 часот по локално време.

Два часа претходно, штом се затворат гласачките места, медиумите во соработка со агенциите за рејтинг ќе објават предвидување на изборниот резултат, односно т.н exit polls, кои доста често го најавуваат победникот.

Нова демократија на чело со премиерот Киријакос Мицотакис, според анкетите, ќе добие меѓу 31 и 38 отсто од гласовите, а на второ место е левичарската опозициска партија Сириза, која би требало да има 4-7 процентни поени помалку. Агенциите за испитување на јавното мислење велат дека на партиите им требаат повеќе од 45 отсто од гласовите за да победат целосно.

Кризата за трошоците на животот беше централна тема на изборната кампања, а партиите се обидоа да ги придобијат гласачите со ветувања дека ќе ја зголемат минималната плата и ќе отворат нови работни места. Растот на цените имаше интензивно влијание врз Грците, чиј животен стандард беше значително нарушен за време на десетгодишната должничка криза.

Фото: EPA-EFE/KOSTAS TSIRONIS

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Лидерите на Г7 повикаа на соработка во борбата против глобалната криза со храна

Следно

„Аудиција“ според текст на Александар Галин во режија на Владимир Милчин вечерва премиерно во Прилепскиот театар

Latest from Blog

Стармер: Примирјето во Украина мора да биде прифатливо за сите, Крим не смее да биде дел од отстапките

Британскиот премиер, Кир Стармер, изјави дека Украина мора да има целосна автономија во одлучувањето за условите на мировниот договор со Русија, отфрлајќи го предлогот на американскиот претседател, Доналд Трамп, за признавање на

Најмногу дожд во Крушево и Маврови Анови, времето денеска променливо облачно и нестабилно

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Крушево, 26 литри, и во Маврови Анови, 23 литри на квадратен метар, информира УХМР. Според мерењата до 8 часот утрово, во изминатото деноноќие 14

Стотици студенти на францускиот „Сајанс По“ на протест за поддршка на Палестина

СКОПЈЕ (АА) – Стотици студенти на Универзитетот „Сајенс По“ во Париз, Франција, организираа протест, окупирајќи делови од главниот кампус на универзитетот во знак на револт поради врските на институцијата со израелските академски

Во која земја е најевтино, а во која најскапо горивото? Литар бензин во оваа држава чини само 1,7 денари

Во април 2025 година, цените на горивата значително варираат низ целиот свет, како одраз на економските, политичките и географските специфичности на одделни земји. На врвот на листата на најскапо гориво е Хонг

За излегување на АА од Владата одлучува премиерот, во Собранието нема нова распределба на пратеници

Актуелниот министер за здравство и лидер на крило на АА Арбен Таравари, смета дека во партиите партнери во коалицијата Вреди има емотивни реакции по неговата одлука АА на локалните избори да има
Go toTop