Шефот на групата Вагнер, Пригожин, тврди дека ја презеле контролата над украинскиот град Бахмут

May 20, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Шефот на парамилитарната група Вагнер, Јевгениј Пригожин, изјави дека денес презеле потполна контрола над украинскиот град Бахмут, жариштето на најдолгата борба во војната што се води во Украина, известува Анадолу.

Во видеото објавено на социјалната мрежа Телеграм, Пригожин вели дека градот во потполност е заземен околу пладне по локално време.

Пригожин изјави и дека операцијата, која ја нарече „Бахмут, мелница за месо“, започнала на 8 октомври минатата година и траела 224 дена.

„Руската војска не беше дел од оваа операција“, рече шефот на Вагнер.

Украинските власти сѐ уште не ги коментираа тврдењата на Пригожин.

Руските сили веќе со месеци се обидуваат да го освојат Бахмут, транспортен и логистички центар на украинскиот регион Донецк, кој е дел од регионот Донбас во кој главно се зборува руски.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Не помогна и евроголот на Кејн: И Лигата на Европа сега е далеку за Тотенхем!

Следно

(ВИДЕО) Пригожин тврди дека го заврзеле Бахмут, украинската војска вели дека се водат жестоки борби

Latest from Blog

ЗА ТОА ШТЕ ЌЕ СЛЕДИ ВИНОВЕН Е ЗЕЛЕНСКИ – Москва најави сосема нов вид војна во Украина

Москва во рок од само неколку минути испрати две фатални и бескомпромисни пораки до украинското раководство: руското Министерство за одбрана најави драстично засилување на ракетните удари низ цела Украина, додека Кремљ децидно

САУДИСКА АРАБИЈА ТРГНУВА ВО ОФАНЗИВА

Саудиска Арабија подготвува голема воена офанзива против јеменските Хутити, со цел да ги поништи нивните неодамнешни успеси со кои ја презедоа контролата врз клучниот теснец Баб ел-Мандеб, витална жила куцавица за глобалниот
Go toTop